Црна хроника
Приведен крадец осуден на 10 години и девет месеци затворска казна

На ул.„Волт Дизни“ во Скопје, полициски службениџи од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(30) од Скопје.
Тој бил осуден на 10 години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за доиздржување на пет години и девет месеци од казната.
Лицето било спроведенo во Полициското одделение Шуто Оризари за понатамошна постапка, по што ќе биде спрведено во надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“, го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари

Полицијата поднесе кривична пријава против вработен во ЈП „Национални шуми“, издавал испратници без претходно издадени одобренија за сеча и го оштетил претпријатието за повеќе од 500.000 денари.
Според информациите на МВР, поднесена е кривична пријава против С.П.(58) од Охрид, со престој во општина Вевчани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Пријавениот, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“- Подрачно шумско стопанство „Јабланица“ – Струга, како референт за превоз постапил спротивно на законски и подзаконски акти на тој начин што издавал испратници спротивно на Правилникот за видот и начинот на жигосување на сечата, начинот на издавање на испратница и издавал испратници без претходно издадено одобрение за сеча, со што им овозможил на физички лица да се здобијат со имотна корист.
Со ваквите дејствија на Јавното претпријатие „Национални шуми“ нанел штета во вкупен износ од 506.850 денари и Буџетот на РСМ во делот на ДДВ и проширена репродукција на шумите.
Црна хроника
Полициска акција во Штип: пронајдени автоматски пушки, приведени тројца млади

Полицијата ги приведе Е.Д.(21), Н.Р.(38) и 26-годишната В.М., сите од Штип.
Постапувајќи по претходно добиени сознанија и со согласност на Е.Д., полициските службеници извршиле претрес во неговиот дом, каде биле затекнати Н.Р. и В.М., при што пронашле и одзеле три автоматски пушки калибар 7,62мм, пет метални рамки за автоматска пушка со по 30 куршуми калибар 7,62мм и две метални рамки за автоматска пушка со по 20 куршуми калибар 7.62мм.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно доументирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Две жртви во два автобуса: украдени паричник и накит од патнички во Скопје

Две кражби со насилство се пријавени во aвтобус во Скопје за само еден ден. Во Чаир, додека се возела во автобус, М.К. (48) од Скопје останала без паричник со пари, лични документи и други предмети, кои ѝ биле одземени од нејзината чанта.
На подрачјето на Центар, В.З. (20) од Скопје пријавила дека, додека излегувала од автобус, едно лице ѝ го одзело личниот накит со употреба на сила. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.