Македонија
„Љупчо дон Николовски додека бил министер за земјоделство потрошил речиси милион денари во кафеани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Љупчо Дон Николовски освен што неосновано делел субвенции, поточно се расфрлал со народни пари и ги давал на фирми блиски до СДС, пари трошел и за лични потреби. Љупчо Дон Николовски за помалку од четири години колку што бил министер за земјоделие потрошил 976.199 денари или скоро милион денари за во кафеани и ресторани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Или милион евра поделени на 42 месеци колку што бил министер се 24 илјади денари, односно значи дека месечно трошел околу 24 илјади денари за ресторани. Или една плата со која живее семејство.
Првата година од своето министерување Дон Николовски потрошил 294.780 денари или скоро 500 илјади денари народни пари на кафеани и ресторани, а последната предизборната 2023 година 377.700 денари или скоро 400 илјади денари.
Дон Николовски јадел телешки мускул, чаден лосос, ракчиња и разни морски плодови, а пиел и скапи вина или шише од по 3.500 денари.
Расипничкото однесување е карактеристика за функционерите од СДС.
Продолжуваме со објавување детали за расфрлањето со народните пари од страна на Дон Николовски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите.
Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.
„Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог“, велат од Владата.
Македонија
Утре променливо облачно време со локален дожд попладне

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег.
Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на стабилно и топло време, освен утре и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд-Скопје, Апелациониот суд-Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка.
Целта на средбата беше дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки.
Претставниците на институциите се договорија овие работни средби да продолжат и во иднина со цел меѓуинституционално решавање на сите предизвици со крајна цел заштита на правата на работниците и избегнување на финансиски импликации на штета на буџетот.