Забава
Поранешната девојка на Дејв Грол: Не сум изненадена што има дете со љубовницата
Пејачот и гитарист на Foo Fighters, Дејв Грол, неодамна откри дека ја изневерил сопругата и дека со љубовницата добил дете. Неговата поранешна девојка, актерката Кари Вурер, за ТМЗ изјави дека не е изненадена од веста.
Кари тврди дека со години слушала шпекулации оти Дејв ја изневерува сопругата Џордин Блум, но дека не го знае идентитетот на жената со која пејачот добил дете.
Кари и Дејв се забавуваа во доцните 90-ти. Актерката вели дека се гледале додека тој сè уште бил со тогашната девојка Тина Басич. Сепак, таа тврди дека тогаш не знаела дека Дејв сè уште е со Тина.
„Никогаш не слушнав за неа. Тој никогаш не зборуваше за тоа“, рече таа.
Медиумите потсетуваат дека Дејв ја призна аферата на социјалните мрежи и објасни дека прави сè за да ја заслужи прошката на семејството.
„Неодамна станав татко на нова ќерка, родена вонбрачно. Планирам да ѝ бидам родител со љубов и поддршка“, напиша тој.
Извори подоцна изјавиле дека Грол имал љубоморни испади кон сопругата и ја обвинил дека имала афера со нејзиниот тренер Кристофер Краб (54). Изворот претпоставува дека Грол ја обвинил сопругата за неверство за да ја скрие трагата на сопствената афера.
„Дејв Грол со години беше љубоморен на тренерот на својата сопруга. Често се караа поради него. Неговата сопруга му рекла дека е луд поради тоа, односно како може на такво нешто дури и да му текне. Но, тој беше упорен. „Џордин вежба тенис најмалку трипати неделно. Таа сега верува дека Дејв намерно ја обвинил за неверство за да го одвлече вниманието од неговата афера“, вели извор за медиумот.
Дејв и неговата сопруга, поранешна манекенка и продуцентка Џордин Блум, се заедно повеќе од 20 години. Тие се венчаа во 2003 година, а заедно имаат три ќерки – Виолет Меј (18), Харпер Вилоу (15) и Офелија Сент (10).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ирина Шејк откри како со Бредли Купер ја воспитуваат 8-годишната ќерка
Ирина Шејк изјави за People дека со поранешниот партнер Бредли Купер ѝ го ограничуваат пристапот на интернет на нивната ќерка Леа Де Сеин за да ја заштитат од негативните страни на славата. Таа нагласи дека Леа „има многу мал, речиси никаков пристап до интернет“ и дека сака да се фокусира на „заедница, пријателства и давање љубов“.
Шејк рече дека одгледувањето дете „во семејство полно со љубов“ е најважно, и дека ја учат Леа да се сака себеси во свет со „многу стандарди на убавина“ од кои се обидуваат да ја заштитат.
Ирина Шејк и Бредли Купер се во врска од 2015 година, ја добија Леа во март 2017, а се разделија во 2019 година. И покрај раскинувањето, останале во добри односи и заедно ја воспитуваат ќерката.
Hitech
Шефот на „Гугл“: Вештачката интелигенција е склона кон грешки, корисниците не треба слепо да ѝ веруваат
Корисниците не треба слепо да веруваат на сè што им кажуваат нивните алатки за вештачка интелигенција (АИ), изјави денес за Би-би-си шефот на матичната компанија на „Гугл“, „Алфабет“. Извршниот директор на компанијата, Сундар Пичаи, изјави за британскиот медиум дека моделите на АИ се склони кон грешки и ги повика корисниците да ги користат заедно со други алатки.
Пичаи ја нагласи важноста на богат информациски систем, наместо да се потпираат исклучиво на технологијата на АИ, објави Би-би-си. „Затоа луѓето го користат пребарувањето на „Гугл“, а ние имаме и други производи што обезбедуваат подобри, поточни информации“.
Пичаи, индиско-американскиот шеф на „Алфабет“, рече дека алатките на АИ се корисни ако „сакате да напишете нешто креативно“, но предупреди дека луѓето треба да научат да ги користат овие алатки за „она во што се добри, а не само слепо да веруваат на сè што ќе кажат“.
„Горди сме на трудот вложен во обезбедување на најточни можни информации, но дури и најдобрата технологија на АИ во моментов е склона кон грешки“, нагласи тој.
Пичаи разговараше со Би-Би-Си додека технолошкиот свет со нетрпение очекува нова верзија на комерцијалниот модел на вештачка интелигенција на „Гугл“, „Џемини 3.0“, кој во тековните верзии веќе врати дел од пазарниот удел во битката против ChatGPT.
Неговите коментари се во согласност со истражувањето на Би-би-си спроведено претходно оваа година, кое заклучи дека ботовите со вештачка интелигенција се неточни при производство на резимеа на вести.
Забава
Откриена статуа на Бриџит Џонс во центарот на Лондон
Бриџит Џонс, откачената хероина, им се придружи на Мери Попинс, Хари Потер и други сакани филмски ликови со своја статуа на лондонскиот Лестер Сквер.
Добитничката на Оскар, Рене Зелвегер, која го игра главниот лик во сите четири филмови за Бриџит Џонс, вчера присуствуваше на откривањето на статуатата по повод 25-годишнината од објавувањето на првиот филм „Дневникот на Бриџит Џонс“.
„Доста е лудо. Малку е чудно. Не е нешто што некогаш би го очекувале (…) големо изненадување е“, рече Зелвегер.

Фото:ЕПА
Авторката Хелен Филдинг го создаде ликот на Бриџит Џонс пред повеќе од 30 години за колумна во весник во која детално е опишан љубовниот живот на Бриџит.
Статуата на Бриџит Џонс е дел од филмската патека „Сцени на плоштадот“, полна со скулптури на филмски ликови на плоштадот Лестер каде што се одржуваат многу филмски премиери. Патеката беше отворена во 2020 година и вклучува статуи на Лорел и Харди, како и на Бетмен, меѓу другите.
Ерик Фелнер, претседател на филмската компанија „Воркинг титл“, која ја продуцираше франшизата „Бриџит Џонс“, по најавата дека ќе биде подигната статуа во центарот на Лондон во чест на хероината со исто име, изјави: „Одлично е затоа што Бриџит е вистински лондонски херој, а идејата таа да биде постојано присутна во центарот на Лондон е навистина возбудлива“.
Задоволна, Фелнер се пофали: „Ова е првпат да изберат лик од романтична комедија“.

