Македонија
Мицкоски: Работиме штипската болница да биде изградена во најбрз рок
„Јас мандатот го почнав пред неполни три месеци токму од пред штипската Клиничка болница и тогаш реков во овој мандат таа ќе биде завршена. Работиме на модел. Медицинско-техничко-економски модел којшто е во фаза на, би рекол, развој и очекувам дека до крајот на оваа година сето тоа ќе биде завршено и веќе од почетокот на следната ќе почнеме со градење на Болницата“, одговори претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешното новинарско прашање при посетата на Штип, во однос на изградбата на Клиничката болница и додаде:
„Проблемот е што пари нема. Парите ги украле или ги потрошиле за нешто што не требало. Требало за Болницата, но парите ги украле. За жал наследивме состојба таква каква што е, но тоа е што е, тука е, нѐ гласале граѓаните, да немаме оправдување, туку да работиме, да ја направиме работата подобра. Што е нашиот пристап? Нашиот пристап е да обезбедиме и финансирање, и допроектирање и опремување и изградба и пренос на објектот. Тоа во моментов Законот за јавни набавки не го дозволува. Ако е потребно ќе влеземе и чекор напред, ако треба мали нивелирања на Законот, само за да можеме да ги одглавиме многу проекти за коишто се почнати, парите се украдени и тие се сега споменици на едно време. Тоа правиме, иновираме, се трудиме да најдеме начин за сето ова го задвижиме и ќе успееме. Ќе успееме, јас сум оптимиста дека ќе успеаме“, дополни тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

