Македонија
Љупчо Николовски потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, обвини Петрушевски
„Во изминативе денови презентиравме како Љупчо Дон Николовски се однесувал со народните пари, расфрлајќи државни средства за лични уживања, кога во исто време можел да биде поекономичен и да заштеди“, изјави денес на прес-конференција Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Дон Николовски за времето додека бил министер во МЗШВ потрошил 16.000 евра за кафеани и ресторани, а во истовреме земјоделските производи на нашите земјоделци скапувале по нивите затоа што нема пласман. Од сите сознанија кои ги имаме се доаѓа до заклучок дека Дон Николовски поголем дел од времето го поминувал на патувања и репрезентации во кафеани, отколку да биде на терен и да ги решава проблемите на земјоделците. И наместо да најде начин како да исплати над 50 милиони евра заостанати субвенции на земјоделците, тој се шетал низ Европа и САД. И на ниту едно патување не избрал економичен хотел, карти се плаќани по неколку стотина евра, а во исто време се трупале долгови кон земјоделците. Дон Николовски и СДС раскалашено се однесувале со парите на граѓаните, неодговорното трошење резултираше со ограбена држава и голем број нерешени проблеми. Ваквото однесување веќе никогаш нема да биде пракса, а за Дон Николовски ќе има одговорност за сите злоупотреби“, додава Петрушевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

