Македонија
Малолетници нападнале врсник во автобус на ЈСП
Малолетник синоќа бил нападнат од двајца други малолетници во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје.
„На 21 септември во 19.40 часот во СВР Скопје, П.Н. од Скопје пријавил дека во автобус на ЈСП на подрачје на Шуто Оризари, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници“, информираа од МВР во дневниот билтен.
Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја утре делови од општина Кисела Вода
Без струја утре од 8:00 до 14:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Драчево“, „Чучевска“ и „Китка“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа во Град Скопје.
Македонија
Сиљановска Давкова на Самитот на иднината во Њујорк
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, која ја предводи македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, денеска треба да се обрати на Самитот на иднината на тема „Мултилатерални решенија за подобро утре“ со учество на шефови на држави и влади.
Целта на Самитот на иднината е државите членки да ја зголемат меѓусебната соработка која, како што се нагласува, е се поважна за човековиот опстанок, но е тешко да се постигне во атмосфера на недоверба, користејќи застарени структури кои повеќе не ги одразуваат денешните политички и економски реалности.
Во фокусот на Нацрт-пактот се човековите права, родот и одржливиот развој во сите поглавја. Содржи поглавја за одржлив развој и финансирање за развој, меѓународен мир и безбедност, наука, технологија и иновации и дигитална соработка, младите и идните генерации и трансформирање на глобалното владеење. Меѓудругото, се бара земјите членки да се согласат и за реформи што се однесуваат на Советот за безбедност, но тоа најверојатно нема да се случи.
На Самитот треба да бидат усвоени и Декларација за идните генерации и Глобален Дигитален договор.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ му порача на СДСМ дека платите растат и можат само да учат како се работи
„Со СДС Македонија ја престигнаа Албанија и БИХ во раст на БДП по глава на жител, а сега се работи забрзано на економска трансформација, а сега СДС манипулира бидејќи со нив заостанавме зад сите во регионот, а реалната плата имаше пад, а не раст“, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на Јована Тренчевска од СДСМ.
„Додека Македонија имаше раст на БДП по глава на жител во период од 2017 до 2022 од само 20%, во Србија растот е 50%. А за истиот период во Бугарија по глава на жител БДП се зголемил за 64%. Повеќе од двојно поголем раст од Македонија има и Албанија, каде по глава на жител во периодот од 2017 до 2022 година БДП пораснал за 52%. Во 2017 Македонија има поголем БДП по глава на жител и од Албанија и од БИХ, сега и двете земји кои беа зад нас не поминаа, а Србија, Бугарија и Црна Гора се уште повеќе пред нас. Со СДС Македонија има ненадоместливи штети. Со ВМРО-ДПМНЕ Македонија оди кон економска трансформација, нови инвестиции, владеење на правото и нови мерки и проекти за подобра иднина. За првпат во историјата на државата пензиите ќе се зголемат за 5000 денари. Ќе растат и платите. Македонија оди напред, а СДС можат само да учат како се работи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.