Свет
Израелските сили извршија десетици воздушни напади врз јужен Либан
Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека рано утринава извршиле десетици воздушни напади во јужен Либан.
„ИДФ врши широки напади врз цели на Хезболах во јужен Либан“, пишува „Тајмс оф Израел“.
Последниот бран воздушни напади следува по напнатиот ден, во кој Хезболах лансира повеќе од сто ракети во северен Израел, од кои некои паднаа во близина на градот Хаифа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ердоган: Новите израелски напади врз Либан ќе доведат до ширење на војната во целиот регион
Новите израелски напади врз Либан ќе предизвикаат војната да се прошири на целиот регион, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
„Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот“, рече Ердоган посочувајќи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Газa, пренесе агенцијата „Анадолија“.
Говорејќи на настан организиран од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) во Њујорк, Ердоган рече дека глобалните институции и организации не презеле никакви ефективни чекори за да се стави крај на „угнетувањето во Газа или да се спречи масакрот извршен од Израел“.
Регион
Тројца мигранти загинаа во Грција, 25 исчезнати по превртување брод
Најмалку тројца мигранти загинаа, а 25 се водат за исчезнати кога бродот со кој го преминаа Средоземното Море кон Европа денеска потона во близина на грчкиот остров Самос.
Досега се спасени пет мигранти, а во потрагата се вклучени четири брода на крајбрежната стража и еден хеликоптер, која сè уште е во тек, пренесува „Ројтерс“.
Потрагата продолжува во северозападниот дел на островот во близина на населбата Агиос Исидорос.
Свет
Папата ги откажа сите активности поради грип
Папата Франциско ги откажа сите активности поради блага настинка, соопшти денеска Ватикан.
Според извештаите, папата ја донел оваа одлука како мерка на претпазливост пред неговата планирана посета на Луксембург и Белгија на крајот на оваа недела, пренесува „Ројтерс“.
На почетокот на оваа година папата веќе ги откажа своите активности поради настинка и бронхитис, а за време на двонеделната посета на Југоисточна Азија и Океанија беше во добра здравствена состојба – присуствуваше на повеќе од 40 настани и помина речиси 33.000 километри.