Свет
Најмалку шест загинати во поплавите во Јапонија
Најмалку шест лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија централна Јапонија во последните два дена, јавија локалните медиуми.
Две лица се водат за исчезнати.
Десетици реки се излеаа од коритата во текот на викендот предизвикувајќи огромни штети на околните места.
Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека обилните дождови меѓу саботата и неделата достигнале 540 мм во префектурата Ишикава, најмногу од почетокот на евиденцијата во 1976 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Хезболах: Испукавме бројни ракети кон Израел
Милитантната група Хезболах соопшти дека денеска истрелала бројни ракети на различни воени позиции во Израел.
Сирените за воздушен напад се огласија во северниот дел на Израел, предупредувајќи на ракетни напади од Либан.
Либан: 50 загинати, 300 ранети
Либанското Министерство за здравство извести дека од утрово во напади врз села и градови во јужен Либан загинале 50 лица.
Во соопштението на Центарот за итни операции за јавно здравје се додава дека повеќе од 300 луѓе се ранети, меѓу кои „деца, жени и медицински работници“.
Свет
Најмалку 388 луѓе починале од колера во Судан во последните два месеца
Шест лица починаа од колера во Судан во текот на викендот, со што бројот на загинати од оваа болест се искачи на најмалку 388 во изминатите два месеца, соопштија здравствените власти.
Суданското Министерство за здравство соопшти дека во последните два месеца од колера во Судан се разболеле околу 13.000 луѓе, а во текот на викендот имало 400 нови случаи.
Во соопштението се вели дека колерата се шири во областите погодени од неодамнешните поплави, особено во источен Судан, каде што се засолниле милиони луѓе раселени поради војната.
Свет
Ердоган: Новите израелски напади врз Либан ќе доведат до ширење на војната во целиот регион
Новите израелски напади врз Либан ќе предизвикаат војната да се прошири на целиот регион, изјави турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
„Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот“, рече Ердоган посочувајќи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Газa, пренесе агенцијата „Анадолија“.
Говорејќи на настан организиран од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) во Њујорк, Ердоган рече дека глобалните институции и организации не презеле никакви ефективни чекори за да се стави крај на „угнетувањето во Газа или да се спречи масакрот извршен од Израел“.