Спорт
Евертон има нови газди
Фридкин инвестмент груп, во сопственост на американскиот милијардер Ден Фридкин, ќе стане нов мнозински сопственик на фудбалскиот клуб Евертон, објави англискиот клуб.
Трансакцијата мора да биде потврдена од неколку други органи, вклучително и Премиер лигата, Англиската фудбалска асоцијација и Управата за финансиско однесување, за да биде финализирана.
Евертон е на последното место во Премиер лигата, откако забележа четири порази во првите пет кола.
Ова е нивна последна сезона на култниот „Гудисон Парк“, пред следната да се преселат на „Стадионот Евертон“ на Брамли-Мур Док.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бјелица се враќа во Динамо Загреб?
Динамо Загреб се уште е во потрага по тренер откако минатата недела клупските ќелници му врачија отказ на Сергеј Јакировиќ. Динамо загуби во дербиот од Хајдук (0:1) во домашното првенство, а потоа претрпе дебакл од Баерн во Лигата на шампионите (9:2).
Откако Јакировиќ си замина, Динамо доживеа уште еден тежок пораз. Со помошникот Сандро Перковиќ, Славен Белупо во Копривница го порази Динамо со 4:1.
Како што пренесуваат хрватските медиуми еден од тренерите кои оставија најголема трага во клубот во овој век е многу блиску до враќање на клупата на „модрите“. Наводно, останува да се договорат финансиските детали.
Проблем, барем е договорот ѓто го има Бјелица со Берлин Унион, на чија клупа седеше од ноември 2023 година до мај 2024 година, кога беше отпуштен поради лошите резултати во борбата за опстанок во Бундес лигата.
Договорот на Бјелица со германскиот прволигаш е со важност до 2026 година, што значи дека треба да го раскине за да се врати во Динамо.
Бјелица го водеше Динамо од 2018 до пролетта 2020 година и со него во првата сезона избори пласман во осминафиналето на Лигата
Спорт
Торонто репторс ќе го пензионира дресот на Картер
Поранешниот НБА кошаркар Винс Картер ќе стане првиот играч во историјата чиј дрес ќе го пензионира Торонто Репторс, пренесуваат бројни американски медиуми.
Ер Канада, како што го нарекуваа додека беше активен играч, е единствениот кошаркар во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот кој играл во четири декади.
Тој беше избран како прв пик на НБА драфтот во 1998 година, а кариерата ја заврши во 2020 година со вкупно 25.728 постигнати поени во 1.541 одигран натпревар.
Во својата кариера, Винс постигна 9.420 поени за Репторс, што е четврти во клупската историја, а се уште го држи рекордот за највисок просечен број на поени по натпревар, во сезоната 2000/2001 постигнувал по 27,6 поени по натпревар. .
Свеченото пензионирање на неговиот дрес ќе се одржи на 2 ноември, кога канадскиот тим ќе се сретне со Сакраменто Кингс.
Исто така, следниот месец Картер и официјално ќе стане член на Куќата на славните на кошарката, а неговиот дрес од Бруклин ќе биде пензиониран во јануари.
Спорт
Енрике: Штета што Мбапе замина во Реал
Килијан Мбапе (25) летово го напушти ПСЖ и како слободен играч замина во Реал Мадрид. Францускиот напаѓач се раздели со клубот кој според одлуката на правниот оддел на француската фудбалска лига е должен да му плати 55 милиони евра. ПСЖ сметаше дека вербалниот договор со кој Мбапе го прости тој долг е валиден, но се чини дека сепак ќе мора да го исплати фудбалерот.
Исто така, во последните месеци од мандатот на Мбапе во ПСЖ се појавија информации дека е во лоши односи со тренерот Луис Енрике.
Сепак, шпанскиот тренер во новото интервју за „Мовистар“ го демантираше ова.
„Килијан е одличен играч и личност која е тешко да се најде кога зборуваме за фудбалери од неговото ниво. Прекрасен играч, штета е што отиде во Мадрид“, изјави Енрике.
Мбапе помина шест сезони во ПСЖ, за кој одигра 308 натпревари и постигна 256 голови. ПСЖ за неговиот трансфер издвои 188 милиони евра.