Соопштенија
Летните авантури на децата поддржани од СОС „Детското село“ – летуваме, учиме и растеме

Активностите за време на летото за децата се многу повеќе од само забава, а особено за децата без родителска грижа. Затоа и оваа година СОС Детско село организираше повеќе активности и патувања каде беа вклучени 60 деца и млади. Преку спорт, креативни активности и авантури на отворено, тие ги откриваат своите силни страни, создаваат нови пријателства и ги градат вештините што им се потребни за да напредуваат. Овие моменти на радост и достигнувања се особено влијателни, овозможувајќи не само лето со спомени, туку основа за посветла иднина.
Спортски дух и самодоверба- “Надеж за Мундијал“
Светско фудбалско првенство за деца без родители и родителска грижа. Турнир, кој започна како национален настан во Полска во 2010 година и прерасна во меѓународен, допирајќи ги животите на преку 11.000 млади спортисти од 45 земји.
Седум момчиња кои беа дел од нашиот тим имаа можност преку натпреварите и заедничките тренинзи, да ја развиваат тимска работа, дисциплината и издржливоста, но и да создадат нови пријателства, да почувствуваат глобално единство и да ја зајакнат својата самодоверба.
Летен Камп кој ги поврза срцата на децата без родителска грижа од целиот свет
Летниот одмор во Калдонацо, во кампот на СОС Детско Село, не беше само обичен одмор, туку вистински празник на пријателството и заедништвото за децата од целиот свет. Нашата група од 39 деца и 8 едукатори уживаа седум дена во кампирањето, исполнето со многу дружење, забава, спортски активности и пливање.
Oва беше уникатна можност за децата без родителска грижа од различно културно, јазично и религиско потекло да се дружат и обединат. Активностите на кампот беа прецизно планирани не само за забава, туку и за зајакнување на децата. Тие учеа за одговорност, ја граде својата самодоверба преку достигнувања и ги развиваа своите социјални вештини преку интеракција со врсниците.
Oвој заеднички одмор им овозможи на децата да се чувстуваат како дел од едно големо семејство.
И им овозможи да се идентификуваа со другите деца како нив и да го зајакнат чувството на припадност креирајќи позитивна слика за себе.
Секое дете се врати дома со куфер полн со спомени и срце исполнето со среќа. Овој камп беше пример за тоа како вистински структурираните активности и поддршката од СОС Детско Село можат да направат длабока и трајна промена во животот на децата, овозможувајќи им да растат со чувство на припадност и сигурност.
Истражување и учење во Прага
И оваа година десет деца поддржани од СОС Детско село беа дел од традиционалната посета на Прага, организирана од невладината организација Ластавица, која по 11 пат беше наш домаќин. Ова патување, кое стана дел од нашата традиција, има за цел да обезбеди културна размена за децата, како и да ги инспирира да ги следат своите соништа и амбиции.
Оваа година, децата ги истражуваа знаменитостите на Прага, учествуваа во разни едукативни активности и ја доживеаја магијата на еден од најубавите градови во Европа. За многу од нив, ова беше првпат да патуваат во странство и да се запознаат со нови култури и традиции, што само по себе е непроценливо искуство.
Ова патување е само еден дел од нашите постојани напори да обезбедиме квалитетен и исполнет живот за децата без родителска грижа. Веруваме дека ваквите искуства играат важна улога во нивниот личен развој и создавање на позитивни спомени што ќе ги водат во иднина.
Летен камп за СТЕАМ со СОС Детско село
Покрај патувањата, летото за децата поддржани од СОС Детско село беше исполнето со креативни и едукативни активности. Во соработка со Македонија2025, 17 деца на возраст од 8-13 години со воодушевување го завршија нашиот прв STEAM летен камп– 7 дневни активности за развивање на STEM вештини (наука, технологија, инженерство, уметност и математика).
Оваа револуционерна иницијатива означува значаен чекор напред во посветеноста за негување на потенцијалот на децата од ранливите категории.
Преку низа практични, ангажирани и забавни активности, ја разгоревме љубопитноста, ја поттикнавме креативноста и инспириравме љубов за учење кај нашите млади учесници.
Сите организирани летни активности на децата поддржани од СОС Детско село се со цел да ги поттикне децата во развивање на нивните социјални и когнитивни вештини, да го зголеми нивното чувство на припадност и да ги инспирира да продолжат да ги следат своите соништа.
Остануваме посветени на поддршката и грижата на децата кои ја изгубиле родителската грижа или се изложени на ризик да ја изгубат и преку нашите програми, овозможуваме децата да растат во семејна и безбедна средина, за да можат да го развијат својот целосен потенцијал и посигурна иднина.
ПР текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
Николовски: Изградба на рекреативен градски парк и реконструкција на улици во Кратово

Кандидатот за градоначалник на општина Кратово, од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Тодорче Николовски, на денешниот митинг во рамките на изборната кампања под слоганот Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, истакна дека ќе продолжи развојот на општината и ги наведе капиталните проекти кои ќе се реализираат во иднина, како инвестиции во образованието, инфраструктурата, детската заштита, културата, спортот и подобрување на животот во селските и руралните средини како и посветување внимание на економијата и туризмот.
„Реконструкција на стара училишна зграда (Стаклара). Изградба на канализационен колектор и уредување на дел од Манцева и Кратовска Река во вкупна должина од 520 метри. Изградба на рекреативен градски парк во „Карши Бавча“. Решавање на проблемот со чиста вода за пиење во селските средини .Изработка на техничка документација, конзервација и ревитализација на Горни Амам. Реконструкција на најголемиот дел на улици во „Царина маала“, чија реализација е започната и се одвива извесен период“, вели Николовски.
Николовски наведе дека ќе се реконструираат бројни улици и локални патишта, но и дека ќе се изврши реконструкција на детската градинка и асфалтирање на локални патишта.
„Реконструкција на речиси сите улици во „Зорле маала“, за кое нешто е избран изведувач и потпишан Договор за реализација. Спроведени постапки со избрани понудувачи постојат и за следниве значајни проекти: Реконструкција на локален пат од село Близанци кон Мушково во должина од 2.6 километри, изградба на улица Кочо Рацин, реконструкција на улицата Никола Тесла, реконструкција на детската градинка Царка Андреевска, асфалтирање на локален пат во село Вакув, асфалтирање на локален пат во с. Сакулица“, рече Николовски.
Соопштенија
Герасимовски: Масовно да излеземе во недела и да гласаме за Центар што го сакаме

„Во изминатите четири години направивме многу за Центар, за животот на сите генерации. Имаме уште многу работа, програма и план, стручни луѓе и знаење, желба и енергија. Заедно победуваме. Со нас, твојот глас вреди и значи најмногу. Ве повикувам масовно да излеземе и да гласаме за Центар што го сакаме“, вели кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите од СДСМ Горан Герасимовски.
Герасимовски, потенцира дека новата програма за работа за втор мандат е јасна, прецизна, остварлива и која Центар ќе го направи вистинско и посакувано место, најдобро за сите.
„Мојата визија опфаќа силен фокус на образованието, културата, спортот и социјалната заштита, како и континуирана грижа за младите, семејствата, пензионерите и лицата во социјален ризик. Солидарноста, еднаквоста и инклузивноста се темелот врз кој Центар функционира како вистински сервис на граѓаните и создава услови за достоинствен и сигурен живот. Продолжуваме да работиме во оваа насока за уште позелен, похуман и поразвиен Центар“, порачува Герасимовски.
Соопштенија
Марковски: Магацините на „Славија“ може да прераснат во простории за културната сцена, а не во бетонски чудовишта

Магацините на „Славија“ во општина Кисела Вода можат да прераснат во уреден јавен и мултифункционален простор за алтернативната културна сцена, креативна индустрија и други функции наменети за младите и сите граѓани истакна Горан Марковски, независен кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа „Независни заедно“.
„Да ги сочуваме и искористиме овие простори, како градителско наследство кое може да добие поинаква функција, а не да прераснат во колосални станбени објекти кои дополнително го загушуваат овој град“, истакна Марковски.
Тој кажа дека факт е дека на Скопје му недостасуваат простори за социјализација и дружба на младите, како и места за организирање на различни настани.
На денешната прес конференција се обрати и Јана Белчева Андреевска, носителка на листата за советници во град Скопје на „Независни заедно“:
„Наместо само да се руши и одново да се гради, добро е да ги следиме и принципите на циркуларната економија и примерите на европските метрополи, да реставриваме објекти од ваков тип, да им дадеме живот и да добијат нова вредност во новото време кое го живееме“, истакна Белчева Андреевска.