Црна хроника
Прегазен велосипедист во центарот на Скопје, со тешки повреди пренесен во болница
Вчера околу 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од улицата „Васил Главинов“ со улицата „Максим Горки“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот С.Н. и велосипед управуван од 40-годишниот И.Д., двајцата од Скопје, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
21-годишник од Берово користел туѓа дебитна картичка за свои потреби
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.З.(21) од Берово.
Тој според полицијата се сомничи за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Во периодот од 03.06. до 11.06.2024, пријавениот во повеќе наврати користел дебитна картичка на друго лице и вршел плаќања за свои потреби.
Црна хроника
Внук ја истепал баба му и украл пари
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.О.(30) од Гостивар.
Тој се сомничи поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.
Имено на 21.09.2024, пријавениот со употреба на сила влегол во домот на неговата баба, физички ја нападнал и ѝ одзел пари.
Топ
Во затворот Идризово претепан и силуван осуденик
Синоќа во 23.27 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал 40-годишен осуденик, по што извршил обљуба врз него, соопшти полицијата.
Според надлежните, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.