Контакт

Култура

Денот на европското културно наследство ќе се одбележи во Музејот на Народната банка

Објавено пред

Музејот на Народната банка се приклучува кон манифестацијата за одбележување на Денот на европското културно наследство во организација на Советот на Европа и Министерството за култура.

dobivaj vesti na viber

По тој повод, Музејот на Народната банка на 28.9.2024 година (сабота) ќе биде отворен за јавноста од 10 до 16 часот.

За време на отворениот ден во Музејот на Народната банка ќе се одржи и работилница под наслов „Уметноста создава уметност“ на која стрип-цртачите од Здружението за промовирање на стрип-културата „Макстрипови“ ќе креираат дела инспирирани од збирката монети изложени во Музејот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Љутков: Македонскиот КИЦ во Загреб е мост за продлабочување на соработката со Хрватска

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска го посети македонскиот Културно-информативен центар во Загреб каде што беше пречекан од новоименуваната директорка, Мими Ѓоргоска-Илиевска.

dobivaj vesti na viber

Ѓоргоска-Илиевска го запозна со работата на Центарот, а го информираше и за активностите и проектите што оваа институција треба да ги реализира до крајот на годината. Министерот и директорката, која беше дел и од македонската делегација на средбата со хрватската министерка за култура и медиуми, Обуљен Коржинек, разговараа и за проширување на надлежностите на Центарот во функција на промоција на туристичките потенцијали на државава, како и во сферата на образованието и науката.

Љутков потенцираше дека културно-информативните центри имаат клучна улога во промоцијата на културата и традицијата на една држава на меѓународно ниво, како и за нивна поголема видливост и препознатливост во сите сфери на општественото живеење. На средбата беше заклучено дека македонско-хрватските односи се на високо ниво, со што е обезбеден широк простор за продлабочување на соработката во сферата на културата и туризмот преку активностите на македонскиот КИЦ.

До крајот на годината во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб ќе се реализираат повеќе проекти, меѓу кои: проектот „Тоше во срцето на Хрватска“ на НУ Спомен-куќа на Тодор Проески, изложбата на уметникот Владимир Темков ,,Вечер на македонскиот пејзаж во Загреб“, концертот „Македониум 2“ на составот „Ин медиа рес“…

Прикажи повеќе...

Култура

Љутков оддаде почит на гробот на Панко Брашнаров во Загреб

Објавено пред

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска на гробиштата „Мирогој“ во Загреб му оддаде почит на народниот трибун и борец за независна македонска држава, Панко Брашнаров.

dobivaj vesti na viber

Во сеќавање на народниот учител и учесник на двата Илиндена, министерот Љутков денеска се поклони и положи цвеќе гробот на еден од најистакнатите македонски национални дејци, посветен на политичкото и националното ослободување на Македонија и македонскиот народ.

Брашнаров е роден во Велес во 1883 година. Тој е учесник во најзначајните историски моменти во борбата на македонскиот народ за независност и слобода. Од Илинден, Балканските војни, Првата светска војна, па сè до историскиот АСНОМ. Избран е за народен пратеник и претседавач на Првото заседание на АСНОМ. Брашнаров е историска личност со особени заслуги во борбата за независна Македонија, што е од посебна важност за неговиот роден Велес. По неколку години работа во штотуку организираната држава, како приврзаник на ставовите во Резолуцијата на Информбирото, Брашнаров е приведен, прогласен за непријател на власта и испратен на островот Голи Оток, Република Хрватска, каде што почина на 13 јули 1951 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Се отвори летната сцена „Славиша Кајевски“

Објавено пред

Во Македонскиот народен театар изминатата недела се случи отворањето на летната сцена „Славиша Кајевски“, која ги сплоти публиката, актерите, режисерите, музичарите и сите уметници, на едно убаво место – плато/летната тераса покрај течението на реката Вардар.

dobivaj vesti na viber

„Не сплоти Славиша и неговиот дух, тој ни даде крилја да полетаме со изведбите на прекрасните театарски претстави преплетени со урбана и квалитетна музика“, велат од МНТ.

Следните настани се исто така концепирани со театарска и музичка содржина, а настаните кои следат хронолошки се: 24.9 – „Пијан Славеј“, 25.9 – „Кец на десетка“, 26.9 – „Не се клади на Енглези“, 27.9 – „ LD Pistolero и Dj Goce feat. R.O.N.I.N“, 30.9 – „Сакатиот од Инишман“, дипломска претстава во изведба на ФДУ – Скопје.

И за крај, на почетокот во месец октомври, ќе настапи Националниот џез-оркестар, со изведби на композициите од „Битлси“ на 1.10 и свеченото затворање на летната сцена го заокружуваме на 2.10 со култниот рок бенд „Архангел” – Македонски подобро звучи Едиција 4.

Сите настани се со почеток во 21:00 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ25 минути

Во затворот Идризово претепан и силуван осуденик

Синоќа во 23.27 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал...

Македонија3 часа

„Секој што се однесува неморално и неетички ќе биде санкциониран“, најави Мицкоски и очекува почитување на договореното за цените

Премиерот Христијан Мицкоски очекува почитување на договореното за намалување на цените на производите а секој што се однесува спротивно на...

Македонија4 часа

(Видео) Петровска: Предлог-законот за бранителите не е шаховска игра, ниту обид за дестабилизација

Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за...

Македонија4 часа

Мицкоски: За следната година предвиден е раст на платите во образованието и во други институции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали наредната година може да се очекуваат раст...

Македонија5 часа

(Видео) Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критериуми, констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на клинички центар во Скопје

„Кога велиме ограбена држава, мислиме на десетици и стотици милиони евра кои од владата на СДС и ДУИ завршиле кај...

Топ6 часа

СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари

СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење...

Регион7 часа

Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ

Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе обвинителен акт против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради сомнение дека го убиле девојчето Данка...

Свет8 часа

(Видео) Трамп: Верувам дека Зеленски е најдобриот бизнисмен во историјата

Според Трамп, Зеленски „навистина сака“ демократите да победат на претседателските избори во САД, бидејќи добива финансиска помош од нив. „Верувам...

Свет8 часа

Бајден денеска последен пат зборува во Генералното собрание на ОН како претседател на САД

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска ќе го одржи својот последен говор на Генералното собрание на Обединетите нации (ОНГА) како претседател...

Свет8 часа

Борел: Меѓународните правила никогаш не биле толку игнорирани како што се денес

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жосеп Борел, како домаќин на неформалниот состанок на Советот за надворешни работи на ЕУ...

Свет8 часа

По земјотресот со јачина од 5,9 степени во Јапонија, цунами го погоди островот Хачијо јужно од Токио

По земјотресот со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала, цунами високо 50 сантиметри денеска го погоди островот Хачијо јужно...

Свет8 часа

Ураганот Џон придружен со обилни врнежи го погоди јужниот брег на Тихиот Океан на Мексико

Ураганот Џон, придружен со силен ветер и обилни врнежи од дожд, го погоди јужниот пацифички брег на Мексико. Оваа временска...

Македонија23 часа

Пет години странски јазици се учат без учебници, четворица министри не успеаја да ги обезбедат

Петта по ред учебна година учениците од основните училишта учат странски јазици без учебници. Министерството за образование и оваа година...

Топ1 ден

Осуденик пронајден починат во затвор во Скопје

Вчера во 08.05 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во притворското одделение,...

Македонија1 ден

(Видео) „Пендаровски, кога глумеше скромен, рече дека ќе ангажира тројца вработени за потоа да бара средства за четворица“, вели Јаревски

„Стево Пендаровски глумеше скромност и кога рече дека во својот кабинет за поддршка ќе ангажира само 3 лица. Два месеци...

Македонија1 ден

Запленети облека, обувки, бижутерија, очила, рачни часовници, камагра

Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за шверцување, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија,...

Македонија1 ден

Нов земјотрес во Македонија

Нов земјотрес е регистриран во Македонија по скопскиот, кој доцна синоќа ги разбуди скопјани. Потресот е со магнитуда од 2...

Македонија1 ден

Муцунски во Њујорк: Злото од војна и конфликти мора да остане во минатото

На маргините на 79. Генерално собрание на Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, министерот за надворешни работи и надворешна...

Спорт1 ден

Македонскиот шахист Тони Лазов олимписки вицешампион

Македонскиот интернационален мајстор Тони Лазов освои сребрен медал на втората табла на 45. Шаховска олимпијада што се одржа од 10...

Македонија1 ден

По назначувањето на новото раководство, значително е намален бројот на заостанати предмети, велат од Агенцијата за катастар на недвижностите

Значително е намален бројот на заостанати предмети во Агенцијата за катастар на недвижности. Во последните два месеци, бројот на заостанати...