Свет
Во Италија назначени тимови за изготвување закони за нуклеарна енергија
Италијанската влада назначи тимови за изготвување конкретни закони, кои ќе се занимаваат со обновениот интерес на земјата за нуклеарната енергија, како и парламентарни комисии, кои ќе ги испитаат можностите, посочува порталот „Евроњуз“.
Италија можеби ќе се откаже од титулата како единствена членка на Г7 без нуклеарни централи бидејќи стремежот за нуклеарна независност и потребата да се намали зависноста од фосилните горива ја поттикна актуелната влада да го преиспита својот пристап кон нуклеарната енергија.
Италијанскиот министер за животна средина, Жилберто Пиќето Фратин, ги најави плановите за воведување нови регулативи до крајот на годината за да се овозможи употреба на нуклеарни технологии во земјата, со цел новата регулатива да се воспостави до 2025 година.
Мерките ќе го сменат постепеното укинување на нуклеарната енергија во Италија, кое почна по референдумот во 1987 година, проследено со слична забрана во 2011 година. Во согласност со обновениот интерес за нуклеарната енергија назначен е тим за изготвување конкретна легислатива за справување со ова прашање, покрај две парламентарни комисии, кои спроведуваат истрага за да го испитаат ова прашање, пишува медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

