Македонија
„Вреди“: Коцката надвор од домовите, исполнето ветувањето
Планот на „Вреди“ за справување со штетните последици од коцкањето, веднаш даде конкретни резултати, велат од оваа партија.
„Ветувањето за отстранување на коцката надвор од домовите на граѓаните е исполнето! Коалицијата ВЛЕН со конкретни дела се справува со девијантните појави кои режимот на ДУИ ни ги остави во наследство.
Во првите 80 дена од формирањето на владино мнозинство, предложивме и усвоивме автентично толкување на законот за игри на среќа со што се создадоа правни предуслови за одлуката на Владата за затворање на пет компании и отстранување на коцката од домовите на граѓаните.
Оваа одлука на Владата е победа на моралот над погрешните и коруптивни одлуки на Артан Груби и Прпарим Бајрами за воведување интернет коцкарници, кои како општествено зло директно ги таргетираа младите“, појаснуваат од коалицијата.
Претходно, како што додаваат, Владата донесе одлука за раскинување на коруптивниот договор за закуп на Државна Лотарија со фирмата „ХЕЈ ДООЕЛ“, чиј објект во Визбегово е сопственост на лица кои се поврзуваат со Али Ахмети.
Сега, според „Вреди“ има доволно исполнети правни околности да се премине кон институционална одговорност за сите коруптивни коцкарски зделки на ова раководство на ДУИ.
„Вреди“, нагласуваат од коалицијата, продолжува да го спроведува Планот за справување со штетните последици од коцкањето.
„Во фаза на изработка е нов Закон за игри на среќа кои ќе содржи далеку построги одредби, кои во прва фаза ќе го намалат постоечкиот број на коцкарници, минимум за половина“, известуваат од „Вреди“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот кон Ќафасан поради сообраќајка
Поради сообраќајна незгода сообраќајот према ГП Ќафасан е во прекин во двата правци, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Сончево време со температура до 6 степени
Времето ќе биде сончево и студено со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен до силен северен ветер и наместа ќе има услови за провејување на снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 6 степени, информира УХМР.
Во Скопје, претежно сончево и студено со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Во четврток и во петок ќе се задржи студено време со минимални температури кои насекаде ќе бидат негативни, а локално ќе се спуштат и под минус 10 степени.
Од петок и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи, претежно од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите ќе биде во пораст.
Македонија
Сообраќајна несреќа на патот Кочани – Штип, сообраќајот во прекин
Од 20:30 часот сообраќајот на магистралниот пат А-3 Кочани – Штип (с.Долни Подлог – с.Тркање) е во прекин, поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот се пренасочува преку с.Тркање кон екпресен пат Кочани – Штип, соопшти АМСМ.

