Спорт
Пешиќ останува селектор на Србија
Искусниот кошаркарски стручњак, Светислав Пешиќ, ќе остане селектор на Србија.
Трофејниот стручњак, кој неодамна ја предводеше Србија до бронзениот медал на Олимписките игри, има истечен договор, но тој ќе биде продолжен по изборот на нов претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија.
Пешиќ неодамна имал средба со новиот претседател на КСС, Небојша Човиќ, при што двајцата договориле соработка во наредните години, пишува српскиот весник „Курир“.
Неодамна Богдан Богдановиќ и Вања Маринковиќ разговараа за тоа како би било добро Светислав Пешиќ да остане на српската клупа, а се чини дека нивната желба ќе биде остварена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Грег Поповиќ имаше благ мозочен удар
Тренерот на Сан Антонио Спарс, Грег Поповиќ доживеа благ мозочен удар на 2 ноември, потврди НБА франшизата.
Поповиќ е на кормилото на Спарс од 1996 година, а во претходниот период не го водеше тимот поради тогашниот „недефиниран здравствен проблем“.
Реномираниот стратег има 75 години. На Сан Антонио му донесе пет титули во НБА – 1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година.
Три пати беше прогласуван за тренер на годината (2003, 2012 и 2014 година) и официјално е еден од 15. најдобри тренери во историјата на НБА.
Поповиќ беше и селектор на Соединетите Американски Држави, со кои го освоија златото на Олимписките игри во Токио.
Поповиќ веќе го започнал процесот на рехабилитација и се очекува целосно да закрепне. Франшизата е благодарна на заедницата што на семејството Поповиќ му обезбедила приватност и простор во оваа ситуација.
Помошникот Мич Џонсон ќе го замени Поповиќ како главен тренер.
Спорт
Бентанкур се соочува со суспензија од седум натпревари
Фудбалската асоцијација на Англија (ФА0 подготвува жестока казна за Росриго Бентакур.
Во јуни, додека одговараеше на прашања на уругвајските медиумиј, тој без да внимава на изборото на зборовите, рече дека „сите луѓе од Јужна Кореја се повеќе или помалку исти“, зборувајќи за неговиот соиграч Хонг-мин Сон.
ФА го истражи случајот и според островските медиуми ќе биде суспендиран на дури седум натпревари.
Тоа практично значи дека Ангелос Постекоглу нена да може смета на него до 26 декември и натпреварот во Нотингем Форест.
Тоа би бил сериозен удар бидејќи Тотенхем до тој натпревар ќе игра против Манчестер сити на 23 ноември, потоа Фулам, Борнмаут, Челзи, Саутемптон и Ливерпул, а ќе го пропушти и дуелот со Манчестер јунајтед во четврт-финалето на Лига купот.
Сезонава Уругваецот постигна еден гол на 14 натпревари во сите натпреварувања за Тотенхем.
Спорт
Наследникот на Аморим ја нема потребната лиценца
Жоао Переира, новиот тренер на Спортинг Лисабон, како што стојат работите, ги нема потребните квалификации за да води тим во највисокиот ранг во Португалија.
Португалските медиуми пишуваат дека во следните неколку дена Здружението на професионални тренери (АНТФ) ќе поднесе жалба против Переира бидејќи ги нема потребните квалификации.
Да потсетиме, Переира во понеделникот беше претставен во клубот како наследник на Рубен Аморим, кој го презеде Манчестер јунајтед.
Но, во меѓувреме работите се комплицираат и за него и за клубот.
„Националната асоцијација на фудбалски тренери не може да го признае (Переира) како тренер на Спортинг, со оглед на тоа што тој го нема потребниот сертификат за извршување на неговите должности. Во овие околности, се разбира, ќе мора да ги преземеме неопходните мерки кои се традиција на оваа организација, односно Здружението треба да ја пријави ситуацијата до надлежните органи“, рече претседателот на АНТФ, кој во истиот разговор ја пофали работата на претходникот на Переира, Аморим и неговиот ангажман во англискиот велика.