Свет
Либанскиoт министер: Ќе бидеме во тешка позиција ако Хезболах продолжи да се коцка
Либан ќе биде во многу тешка позиција доколку Хезболах „продолжи да се коцка“ во конфликтот со Израел, изјави министер од либанската влада за „Скај њуз“.
Како што расте стравот од ескалација, министерот за економија Амин Салам, кој како член на либанската влада не ја претставува шиитската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, рече дека Либан е веќе „во центарот на бурата“ и дека „се случува војна со потенцијално страшни последици“.
„Потребна е одлука дали сакаме да го вовлечеме Либан во понатамошна ескалација и мизерија или дали сакаме да донесеме мудра одлука“, вели Салам.
„Многу е јасно, ако решиме или ако Хезболах одлучи да преземе голем ризик и да се коцка повеќе во оваа војна, ќе платиме многу висока цена што ќе го стави Либан во многу тешка позиција и ќе бидат потребни многу години за да се врати назад“, предупреди Салам.
Тој посочи дека економијата на земјата е во „ужасна ситуација“ со „десетици илјади луѓе кои бегаат“ во потрага по засолниште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп вели дека Америка треба да се повлече од војната во Украина
Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп, изјави дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседателка, Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.
„Бајден и Камала не’ воведоа во војната во Украина и сега не можат да не’ извлечат. Не можат да не’ извлечат“, рече Трамп во својот говор во Џорџија.
САД немаат војска во Украина, но обезбедија воена и хуманитарна помош вредна милијарди долари.
„Мислам дека сме заглавени во таа војна, освен ако не станам претседател. Ќе ја прекинам. Ќе преговарам и ќе излеземе. Мораме да излеземе“, рече Трамп.
Свет
Зеленски: Војната со Русија е поблиску до крајот отколку што мислат луѓето
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека војната со Русија е поблиску до крајот отколку што се мисли.
„Мислам дека сме поблиску до мир отколку што мислиме. Само треба да бидеме многу силни“, изјави Зеленски за ABC News.
Тој додаде дека победничкиот план што ќе му го претстави на американскиот претседател Џо Бајден оваа недела ќе бара од сојузниците да „помогнат за зајакнување“ на украинската армија.
Регион
Словенија го повика на разговор израелскиот амбасадор: „Израел го ескалира насилството“
Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор израелскиот амбасадор поради нападите во Либан кои веќе однесоа повеќе од 500 животи, изјави министерката за надворешни работи Тања Фајон на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Според извори во словенечкото Министерство за надворешни работи, разговорот е закажан за утре, пренесува агенцијата СТА.
Како што рече министерката Фајон, се чини дека Либан станува новата Газа, а ситуацијата ја оцени како загрижувачка. Таа рече дека Израел го „ескалира насилството“ во Либан, Газа и Западниот Брег.
„Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ, истовремено почитувајќи го меѓународното право и, се разбира, Повелбата на Обединетите нации“, најави таа.
Таа, исто така, најави дека наскоро ќе се сретне со либанскиот министер за надворешни работи за да разговара што друго може да се направи.
Франција, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, побара итен состанок на тоа тело денеска откако Израел го започна најсилниот бран воздушни напади против Хезболах во Либан во последните децении, во кои загинаа стотици луѓе, меѓу кои и деца.