Регион
Словенија го повика на разговор израелскиот амбасадор: „Израел го ескалира насилството“

Словенечкото Министерство за надворешни работи денеска го повика на разговор израелскиот амбасадор поради нападите во Либан кои веќе однесоа повеќе од 500 животи, изјави министерката за надворешни работи Тања Фајон на маргините на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк.
Според извори во словенечкото Министерство за надворешни работи, разговорот е закажан за утре, пренесува агенцијата СТА.
Како што рече министерката Фајон, се чини дека Либан станува новата Газа, а ситуацијата ја оцени како загрижувачка. Таа рече дека Израел го „ескалира насилството“ во Либан, Газа и Западниот Брег.
„Словенија ќе направи се што е во нејзина моќ, истовремено почитувајќи го меѓународното право и, се разбира, Повелбата на Обединетите нации“, најави таа.
Таа, исто така, најави дека наскоро ќе се сретне со либанскиот министер за надворешни работи за да разговара што друго може да се направи.
Франција, постојана членка на Советот за безбедност на ОН, побара итен состанок на тоа тело денеска откако Израел го започна најсилниот бран воздушни напади против Хезболах во Либан во последните децении, во кои загинаа стотици луѓе, меѓу кои и деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.