Контакт

Свет

Се огласија сирените во Тел Авив; Израел: Го пресретнавме проектилот

Објавено пред

Предупредувачките сирени се огласија денеска во трговскиот главен град на Израел, Тел Авив, откако системите за противвоздушна одбрана пресретнаа ракета земја-земја откако беше откриено дека преминува од Либан, соопшти израелската војска.

dobivaj vesti na viber

Нема извештаи за штети или жртви, а војската соопшти дека нема промени во упатствата за цивилна одбрана за централен Израел. Предупредувачките сирени се огласија и во други области на централен Израел, вклучувајќи го и градот Нетања.

Либанското движење Хезболах, поддржано од Иран, истрела стотици проектили и ракети врз Израел во последните денови, бидејќи нагло се интензивираше повеќемесечниот конфликт преку границата со јужен Либан.

Израелската војска ги изведе своите најтешки воздушни напади во војната оваа недела, напаѓајќи ги лидерите на Хезболах и погоди стотици цели длабоко во Либан, убивајќи повеќе од 500 луѓе и рани повеќе од 1.800. Вчера, во напад во Бејрут беше убиен високиот командант на Хезболах, Ибрахим Кубаиси.

Свет

Асанж за прв пат во јавност на 1 октомври: ќе сведочи пред Советот на Европа за својот случај

Објавено пред

Основачот на Викиликс Џулијан Асанж на 1 октомври ќе се појави во јавноста за прв пат по неговото ослободување од британскиот затвор. Асанж треба јавно да зборува пред Комитетот за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, соопшти денеска неговата организација.

dobivaj vesti na viber

„Тоа ќе биде извонреден поттик за неговото закрепнување бидејќи (Советот на Европа) го покани Џулијан да сведочи пред Комитетот за неговиот случај и неговите пошироки импликации“, објави Стела Асанж на нејзиниот профил на „Икс“.

Асанж, кој има 53 години, се врати во Австралија во јуни оваа година, откако се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа на САД, што доведе до договор за ослободување и стави крај на неговата 14-годишна правна одисеја во Велика Британија, пишува Ројтерс.

Неговата сопруга Стела, со која се оженил додека бил во затвор во Лондон, изјавила дека ќе му треба време да биде со своите деца, да си го врати здравјето и менталната рамнотежа по долгиот престој во заробеништво.

Прикажи повеќе...

Свет

Лавров: ОН замижуваат пред упадот на Украина во регионот Курск

Објавено пред

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Обединетите нации замижуваат пред ексцесите на украинските сили при нивниот упад во руската област Курск.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за ТАСС на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Лавров рече дека украинските „терористички групи“, како што наведе, користат западно оружје за напади на Курск во кои не прават разлика меѓу цели.

„Тие во таа област секојдневно бомбардираат куќи, социјални институции, мирни граѓани кои се засолнуваат на побезбедни места во своите автомобили. Не слушнав ниту еден глас од претставниците на ОН кои се одговорни за човековите права, вклучително и генералниот секретар“, рече Лавров.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Погоден град во северозападен Либан, објави Ројтерс

Објавено пред

Нападот го погоди либанскиот шиитски град Маајсра во северозападниот дел на Либан, објави Ројтерс, цитирајќи ги државните медиуми и локален жител.

dobivaj vesti na viber

Градот лежи во планините на претежно христијанскиот регион Кесерван, северно од главниот град Бејрут.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое наводно се гледа чад од дел од градот по пријавениот напад.

Нема информации за жртви, но ова е првпат областа да биде погодена за време на конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Орбан доаѓа во Охрид, в четврток и петок привремено ќе бидат затворени неколку улици

Со цел безбедно и непречено одвивање на предвидените активности, по повод претстојната посета на унгарскиот премиер Виктор Орбан и неговата...

Македонија1 час

Организациска директорка на Токсикологија обвинета за злоупотреба на службена положба

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Злоупотреба на службена...

Регион2 часа

Хрватската државна секретарка: На Северна Македонија и на Албанија треба да им се дозволи да направат чекор напред на патот кон ЕУ

Хрватска силно ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ, но врз основа на заслуги, што значи...

Свет2 часа

(Видео) Пукано во канцеларијата на Камала Харис

Американската полиција објави дека пукале во предизборната канцеларија на американската потпретседателка и кандидат на демократите Камала Харис во Аризона, само...

Свет4 часа

Се огласија сирените во Тел Авив; Израел: Го пресретнавме проектилот

Предупредувачките сирени се огласија денеска во трговскиот главен град на Израел, Тел Авив, откако системите за противвоздушна одбрана пресретнаа ракета...

Свет4 часа

Либан разочаран од прошталниот говор на Бајден: „Единствено, вие можете да направите разлика“

Министерот за надворешни работи на Либан Абдалах Бу Хабиб изрази разочарување од изјавите на американскиот претседател Џо Бајден за ескалацијата...

Европа5 часа

(Видео) Додека Зеленски говореше дека ќе ја добие војната, рускиот амбасадор прелистуваше хартии и гледаше во мобилниот телефон

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му порача на Советот за безбедност на Обединетите нации дека неговата земја ќе излезе како победник...

Свет5 часа

Нетанјаху: Ќе продолжиме да го напаѓаме Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека неговата земја ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан. „Ќе продолжиме да го...

Македонија13 часа

Земјотрес во Скопје

Земјотрес во 21:46 часот беше почувствуван на територијата на Скопје. Според информациите, земјотресот бил со јачина од 2,9 степени според...

Македонија18 часа

Меџити: Ги стопиравме штетните дозволи кои претходната Влада на ДУИ и СДСМ ги додели на он-лајн коцкарници

Првиот Вицепремиер Изет Меџити изјави дека на денешната седница на Владата се донесе одлука за реализација на толкувањето од Собранието...

Топ19 часа

Во затворот Идризово претепан и силуван осуденик

Синоќа во 23.27 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал...

Македонија20 часа

Половина милијарда денари ќе чинат пет години необезбедените учебници по странски јазици за основните училишта

Јавната набавка, која треба да ја реализира Министерството за образование и наука за да обезбеди учебници по странски јазици за...

Македонија20 часа

Орбан од утре во дводневна посета на Македонија

На 26 и 27 септември во дводневна официјална посета на Македонија ќе присуствува претседателот на владата на Унгарија, Виктор Орбан,...

Македонија22 часа

„Секој што се однесува неморално и неетички ќе биде санкциониран“, најави Мицкоски и очекува почитување на договореното за цените

Премиерот Христијан Мицкоски очекува почитување на договореното за намалување на цените на производите а секој што се однесува спротивно на...

Македонија23 часа

(Видео) Петровска: Предлог-законот за бранителите не е шаховска игра, ниту обид за дестабилизација

Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за...

Македонија23 часа

Мицкоски: За следната година предвиден е раст на платите во образованието и во други институции

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, на новинарско прашање, дали наредната година може да се очекуваат раст...

Македонија1 ден

(Видео) Митева: Владата на СДС и ДУИ поделила 100 милиони евра без јасни критериуми, констатира ДЗР, тоа се пари безмалку доволни за изградба на клинички центар во Скопје

„Кога велиме ограбена држава, мислиме на десетици и стотици милиони евра кои од владата на СДС и ДУИ завршиле кај...

Топ1 ден

СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари

СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица поради постоење...

Регион1 ден

Поднесено обвинение за убиството на Данка Илиќ

Вишото јавно обвинителство Заечар поднесе обвинителен акт против Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради сомнение дека го убиле девојчето Данка...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Верувам дека Зеленски е најдобриот бизнисмен во историјата

Според Трамп, Зеленски „навистина сака“ демократите да победат на претседателските избори во САД, бидејќи добива финансиска помош од нив. „Верувам...