Црна хроника
Три лица од Непал го напуштиле хотелот во Охрид во кој биле вработени, полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање
Вчера, во 9.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека 29-годишниот С. С., 22-годишниот Д. С. и 20-годишниот Н. К., сите од Непал, го напуштиле хотелот во кој биле сместени и биле вработени, извести СВР Охрид.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец од Велешко, одземеното вратено на сопственикот
Синоќа во 19.20 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.С.(37) од село Оморани, општина Чашка, поради сомнение дека од објект на улица „Благој Ѓорев“ во Велес одзел женска чанта, сопственост на К.П., во која имало пари, лични документи и предмети.
Предметите биле пронајдени и вратени на сопственичката, а З.С. бил приведен во полициска станица.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава за битолчанец, при претрес кај него пронајдени дрога и муниција
Полицијата до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против К.Т.(29) од овој град поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.
Пријавениот во повеќе наврати продавал марихуана и амфетамин на други лица од Битола, а при претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, пет проектили од муниција за пушки, како и модели од автоматски оружја.
Црна хроника
Автобус и автомобил се судрија во Скопје, настрада пешак
Синоќа на булеварот Никола Карев во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил управуван од З.С.(27) од Скопје и автобус управуван од Т.М.(65).
„Во несреќата била удрена и 26-годишната Е.Ф. од Скопје, која улицата ја минувала како пешак. Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена на Комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје“, објави МВР.
Извршен бил увид.