Свет
Најжестокиот напад на Трамп до Зеленски: „Украина ја нема, не можам да ги заменам мртвите“
Републиканскиот американски претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини Володимир Зеленски дека „одби да склучи договор“ за завршување на војната, што претставува најексплицитна критика на Трамп за начинот на кој украинскиот претседател ја водеше војната досега, пренесуваат медиумите во светот.
„Тие градови ги нема, а ние продолжуваме да му даваме милијарди долари на човекот кој одби да се договори. Не постои договор што не би бил подобар од ситуацијата што ја имате во моментов. Имате земја која е избришано, не може да се обнови“, рече тој.
Во Претставничкиот дом претставници на републиканците се обидуваат да истражат какви средства од американските даночни обврзници отишле за поддршка на безбедноста на украинскиот претседател додека тој патувал за Пенсилванија, пишува Си-Ен-Ен.
Во исто време, републиканските сенатори го предупредуваат Зеленски да остане настрана од внатрешната политика на САД, откако тој го нарече Џеј-Ди Венс, потпретседателскиот кандидат на Трамп, „премногу радикален“ во интервју објавено минатиот викенд.
На Генералното собрание на Обединетите нации, Зеленски ги предупреди светските лидери дека Русите ќе ги интензивираат нападите врз енергетската инфраструктура на Украина, вклучително и нуклеарните централи. Реакцијата на Трамп изгледаше рамнодушна. „Секогаш кога ќе дојдеше во нашата земја, ќе си заминеше со 60 милијарди долари. Тој е веројатно најдобриот бизнисмен во светот“, рече Трамп.
Во својот говор, Трамп ги обвини Џо Бајден и Камала Харис за руската инвазија на Украина, велејќи дека тие ја „предизвикале оваа ситуација со глупоста на она што го кажале, секој потег што го направиле“.
„Тие едноставно не знаат што да прават. Тие се заробени во ситуацијата. Тажно е, тие едноставно не знаат што да прават. Бидејќи Украина ја нема, таа повеќе не е Украина. Никогаш не можете да ги замените тие градови , и никогаш не можете да ги замените мртвите луѓе, толку многу мртви предупреди Трамп.
Тој рече дека постигнувањето договор претходно во конфликтот за отстапување на одредена територија на Русите би спречило нова катастрофа. Трамп тврди дека Бајден требало да договори договор меѓу Русија и Украина за да се избегне какво било крвопролевање. Тој повтори дека дури и „лош договор“, како и оној во кој Украина „малку ќе попушти“, ќе биде подобар од војна.
„Можеше да се направи договор. Никој немаше да умре. Договорот можеше да се склучи доколку имавме компетентен претседател“, рече тој.
Но, тој смета дека можност за склучување договор повеќе не постои поради уништувањето што се случило. „Каква зделка можеме да направиме? Земјата е уништена. Луѓето се мртви. Земјата е во руини“ прашува тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Турција: силен ветер уништи објекти
Силни ветрови ја погодија северозападната турска провинција Коџаели предизвикајќи значителна материјална штета, при што на повеќе објекти им биле целосно откорнати покривите, јавуваат локалните медиуми.
На снимките објавени од локалниот портал „Коџаели Гундем“ се гледа моментот кога силен ветер подигнува покрив од зграда во населбата Диловаси и го носи од објектот. На друга снимка, објавена подоцна, покривот може да се види речиси неоштетен како лежи на земја.
A massive storm hits #Istanbul, #Turkey. pic.twitter.com/YOzRNoToE4
— Siraj Noorani (@sirajnoorani) January 8, 2026
Дополнителни видеа од местото Хереке прикажуваат куќа што останала без покрив, а предмети од внатрешноста се расфрлани по просториите поради силните налети на ветерот.
Од Кабинетот на гувернерот на провинцијата Коџаели уште во средата било издадено предупредување дека се очекуваат олујни ветрови со брзина од 50 до 70 километри на час, додека во повисоките предели ударите можеле да достигнат и до 80–90 километри на час.
Фото: pexels
Свет
Шефот на гренландска рударска компанија: САД сакаат инвестиции во минерали, преговорите се во тек
САД разгледуваат можност за инвестиции во ископување стратешки минерали на Гренланд, потврди извршниот директор на рударската компанија Аморок, Елдур Олафсон, во изјава за Си-Ен-Би-Си.
Компанијата работи во јужниот дел на Гренланд, каде што се занимава со ископување и истражување на злато, бакар, германиум, галиум и други стратешки минерали. Олафсон наведе дека се водат разговори со американски владини институции за можни инвестиции, но дека договорите сè уште не се финализирани.
Според него, потенцијалната соработка би можела да вклучува договори за откуп, инфраструктурна поддршка и кредитни линии, без да прецизира за кои проекти станува збор.
Портпарол на Стејт департментот изјави дека САД сакаат да изградат долгорочни комерцијални односи кои ќе им користат и на Американците и на народот на Гренланд, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп ја истакнал важноста на Гренланд за одбраната на САД.
Интересот на Вашингтон се засилува во период кога Трамп повторно ја нагласува идејата за купување на Гренланд, кој го смета за клучен за националната безбедност. Следната недела американскиот државен секретар Марко Рубио треба да разговара со дански претставници за иднината на островот.
Белата куќа ги гледа богатите минерални ресурси на Гренланд како можност за намалување на кинеската доминација на пазарот на стратешки минерали.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Експлозија на гас разнесе станбена зграда во Германија
Три лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа во силна експлозија на гас што рано утринава целосно уништи станбена зграда во германскиот град Албштат. Уривањето се случило околу 5 часот наутро во градската населба Тајлфинген, а полицијата потврди дека загинатите се членови на исто семејство на возраст од 33, 30 и 6 години, пренесе Билд.
На местото на несреќата се ангажирани повеќе од 200 припадници на итните служби. Откако семејството првично се водело како исчезнато, спасувачите подоцна ги пронашле нивните тела во урнатините.
Детонацијата била исклучително силна и го вознемирила целото соседство. Еден од станарите изјавил за Шварцвелдер Ботен дека околу 5 часот наутро целата куќа му се затресла, предмети паѓале од полици, а стаклото на влезната врата пукнало. Друга соседка помислила дека станува збор за земјотрес.
Според полицијата, во експлозијата не била уништена само погодената куќа, туку и неколку околни згради биле сериозно оштетени. Соседите биле евакуирани и никој од нив не е повреден. Итните служби им укажале помош, а многумина биле во состојба на шок.
Од безбедносни причини, дотокот на гас во целата улица бил прекинат. Градоначалникот Тралмер изјавил дека нема опасност од нови експлозии и дека се очекува снабдувањето со гас за околните куќи повторно да биде воспоставено во текот на денот.
Фото: pexels

