Свет
САД, ЕУ и арапските земји повикаа на прекин на 21-дневниот конфликт меѓу Израел и Хезболах
САД, ЕУ, Франција, Германија, заедно со неколку други сојузници и три арапски земји, ги повикаа владите на Израел и Либан на итен 21-дневен прекин на огнот преку израелско-либанската граница, истовремено изразувајќи поддршка за прекин на огнот во Газа.
Во соопштението објавено доцна во средата се посочува дека ситуацијата меѓу Либан и Израел стана неподнослива по почетокот на конфликтот во Појасот Газа и дека тоа претставува неприфатлив ризик за поширока ескалација на конфликтот во регионот.
„Затоа, повикуваме на итен прекин на огнот на либанско-израелската граница на 21 ден, со цел да се обезбеди простор за дипломатијата да склучи дипломатски договор“, се вели во соопштението.
Соопштението, како што пренесува „Гардијан“, го потпишале САД, Франција, ЕУ, Германија, Италија, Австралија, Јапонија, Канада, како и Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати.
„Овие разговори ги имавме долго време“, изјави подоцна за новинарите неименуван висок американски функционер.
Официјалниот претставник рече дека отворањето на дипломатскиот простор во Либан во текот на 21-дневниот период исто така се очекува да го отвори патот за потенцијален прекин на огнот во Појасот Газа, објави „Ројтерс“.
Непријателствата меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах, кои ескалираа во последните недели, ги зголемија стравувањата од регионална војна.
Началникот на израелската армија, генерал Херзи Халеви, во средата изјави дека армијата се подготвува за копнена офанзива против Хезболах во Либан.
Бројот на загинати во вчерашните израелски воздушни напади врз Либан достигна 70, јави телевизијата „Ел Мајадин“ повикувајќи се на либанското Министерство за здравство.
Во извештајот се наведува дека во нападите се ранети повеќе од 400 луѓе.
„Ел Мајадин“ пренесува дека повеќето луѓе загинале во областа на планинскиот венец Либан и во Набатие, Баалбек-Хермел и долината Бека.
Во извештајот не се наведува дали жртвите се цивили или членови на воената формација на Хезболах.
Претходно, беше соопштено дека во нападите оваа недела загинале 51 лице, а биле ранети 223 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви
Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз што доаѓаше од спротивната насока. Полицијата се сомнева во убиство и започна истрага, а според првичните информации, сторителот и жртвата не се познавале, пишува Шпигел.
Според досегашните сознанија на полицијата, жртвата е 18-годишна девојка која чекала на перонот воз во правец на центарот на градот.
Сторителот, 25-годишен маж по потекло од Јужен Судан, стоел одвоено од неа. Во еден момент, тој одеднаш ѝ се приближил, ја зграпчил и, од сè уште непознати причини, ја влечел на шините, точно пред возот што влегувал во станицата. Двајцата починале на местото на несреќата.
Свет
46 жртви во железничката несреќа во Шпанија
Смртта на 43-годишна жена која била на одделот за интензивна нега во болницата Реина Софија во Кордоба го зголеми бројот на жртви во железничката несреќа кај Адамуз, која се случи на 18 јануари, на 46, соопштија владини извори.
Дваесет и осум од вкупниот број жртви биле од провинцијата Уелва, пренесе „Паис“.
Жртвата, жителка на Ла Палма дел Кондадо, била меѓу патниците на возот Алвија од Мадрид. Во моментот на несреќата се враќала по полагање испит за затворски чувар. По несреќата била на интензивна нега поради сериозни проблеми со белите дробови.
Од вчера, 16 од 126-те повредени патници и понатаму се во болниците во Андалузија, од кои двајца се на интензивна нега. Андалузиската здравствена служба извести за уште едно отпуштање од болница и за еден пациент кој го напуштил одделот за интензивна нега.
Поради смртта на најновата жртва, шпанската влада одлучи да ја одложи државната комеморација закажана за денеска. Шпанскиот премиер Педро Санчез вети дека државата ќе продолжи со истрагата и ќе им дава поддршка на семејствата погодени од трагедијата.
Свет
Пак загинати во израелски напади во Газа
Најмалку 12 Палестинци утрово загинаа во израелски напади на јужниот и северниот дел на Појасот Газа, соопштија болниците во Газа.
Ова е еден од израелските напади со најголем број жртви откако стапи во сила примирјето во Појасот Газа на 10 октомври.
Во нападите се погодени локации на северот и југот на Појасот Газа, вклучувајќи станбена зграда во градот Газа и шатор во Кан Јунис, рекле официјални претставници на болниците. Тие навеле дека меѓу жртвите има две жени и шест деца.
Министерството за здравство на Газа, кое е под контрола на Хамас, соопшти дека повеќе од 500 Палестинци се убиени во израелски напади од почетокот на примирјето на 10 октомври.

