Македонија
Со дрон се пребарува теренот во кој исчезна белгискиот планинар, МВР со апел до граѓаните

Со помош на дрон пребаран е теренот на кој пред една недела исчезна 72-годишниот белгиски планинар, Марк Јорис, на Галичица, но од него нема ни трага ни глас.
Од МВР апелираат до граѓаните доколку имаат каква било информација, да пријават во најблиската полициска станица или на телефонскиот број 112.
„Макфакс“ претходно објави дека Марк Јорис исчезнал на 18 септември, а според пријавеното во МВР, тој имал планирано рута за планинарење во реонот Охрид – Струга (Вевчани) – Дебар – општина Маврово и Ростуше и на север кон Албанија.
Исчезнатиот е висок 182 сантиметра и со слаба градба. Бил облечен во сиви панталони, кафеава блуза, со комплет планинарска опрема со вреќа за спиење, стап за планинарење, државјаннин на Белгија, зборува англиски, не зборува македонски.
Се преземаат и низа други мерки и активности за пронаоѓање на лицето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.