Спорт
Дерик Роуз објави крај на кариерата

Дерик Роуз, поранешен МВП на НБА лигата, ја заврши кариерата на 35-годишна возраст. Најмладиот МВП во историјата на лигата 15 сезони играше во НБА лигата.
Пред неколку дена Роуз доби отказ од Мемфис Гризлис каде беше во изминатите неколку сезони, а сега е јасно дека тоа се случи бидејќи планираше да ја заврши кариерата.
Роуз беше избран како прв пик на НБА драфтот во 2008 година од Чикаго Булс, и веднаш тргна да доминира во лигата.
Момчето од Чикаго стана МВП на лигата во 2011 година, кога се уште нема полни 23 години.
Три пати беше Ол-стар, еднаш беше дел од најдобриот тим на сезоната, но неговата кариера за жал ја обележа тешка повреда на коленото, поради која повеќе никогаш не се врати на нивото од МВП сезоната.
Тој сепак успеа да ја оживее својата кариера откако замина од Чикаго играшше за Њујорк Никс, Кливленд Кавалирс, Минесота Тимбервулвс Детроит Пистонс и Мемфис Гризлис.
Во 2018 година во дресот на Минесота против Јута Џез успеа да забележи рекорд во кариерата од 50 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Џејмс Тарковски ќе остане во Евертон

Англискиот фудбалер Џејмс Тарковски го продолжи договорот со Евертон до крајот на јуни 2028 година, објави клубот од Ливерпул.
Тарковски (32) е член на Евертон од 2022 година и во тој период одигра 128 натпревари и стана заменик-капитен.
„Многу сум возбуден и горд што сум играч на Евертон и што го продолжувам ова патување. Беа луди неколку години со огромни падови и огромни подеми. Успеавме да ги надминеме тешките времиња и се надеваме дека сега нè очекува попозитивна и возбудлива ера“, рече Тарковски.
Во текот на својата кариера, Тарковски играше и за Олдам, Брентфорд и Барнли.
Евертон е на осмото место на табелата во Премиер лигата со 11 бода, а во следното коло ќе го пречека Манчестер Сити.
Спорт
Аморим уште долго ќе го предводи Манчестер Јунајтед

Најбогатиот Британец, ко-сопственик на Манчестер Јунајтед, воедно задолежн за спортскиот сектор, Џим Ретклиф нема намера да му врачи отказ на Рубен Аморим, без оглед на лошите резултати на клубот.
Сер Џим Ратклиф, во подкастот „Бизнис“, рече дека тренерот ја има неговата целосна поддршка. Повтори дека на Аморим ќе му се даде време да ги имплементира своите идеи во тимот и дека доколку мнозинскиот сосптвеник, семејството Глејзер побара да му врачи отказ на Амрим, дека неговиот одговор ќе биде „Не“.
Потоа објасни зошто…
„Вистина е дека Аморим не ја има најдобрата сезона во клубот. Но, на Рубен му требаат три години за да покаже дека е одличен тренер. Тогаш јас би ги донел одлуките…“, рече Ратклиф, кој издвои 1,6 милијарди фунти за партнерство со Глејзерс во февруари 2024 година за 26,1 процентен удел во Манчестер Јунајтед.
Дел од договорот е неговата компанија ИНЕОС да ги преземе спортските работи на „Олд Трафорд“, па затоа следеше смената на Ерик Тен Хаг, односно промоцијата на Аморим.
Сепак, во првите 50 натпревари на „Олд Трафорд“, Португалецот сè уште има негативен скор, поради што е сè почесто под притисок од јавноста.
„Не можете да водите клуб и да паѓате на колена под притисокот на медиумите секоја недела одново и одново“, изјави неодамна најбогатиот Британец.
Спорт
Јанис (засега) останува во Милвоки

Јанис Адетокумбо, кошаркарот на Милвоки Бакс, реши да се огласи по повод шпекулациите дека во блиска иднина би можел да ја напушти франшизата од Висконсин.
Јанис Антетокумпо е жива легенда на Милвоки Бакс и, заедно со Карим Абдул-Џабар (Лу Алсиндор), оставија најдлабок белег во историјата на овој клуб.
Токму двајцата ги донесоа единствените две шампионски титули. Јанис беше МВп на финалната серија против Феникс во 2021 година.
Со денови се зборува дека Јанис би можел наскоро да замине, и дека бил многу блиску до преселба во Њујорк Никс ова лето.
„Веќе многу пати кажав, сакам да бидам во ситуација каде што можам да победувам и да освојувам титули и сега сум тука. Верувам во овој тим, верувам во моите соиграчи. Тука сум за да бидам лидер на тимот, да видиме до каде можеме да стигнеме и сигурно нема да ни биде лесно. Сега, за шест или седум месеци, можам да се предомислам. И јас сум човек. Дозволено ми е да носам свои одлуки, но сега сум целосно фокусиран и посветен на овој тим“, рече Адетокумбо.
Фото/ Принтскрин