Скопје
Кирков: Со Данела Арсовска и нејзините кадри за директори од најголема атракција Зоолошката во Скопје се претвори во хорор приказна
„Мојот збор ќе се однесува за годишната програма за вработување во Зоолошката Градина. Навистина ми е жал што немаме претставник од Зоолошката Градина што говори и за тоа каква почит имаат и кон овој совет и кон сите нас советници кои сме денес тука. Замислете со доаѓањето на Данела Арсовска и нејзините кадри како директори кои ги менува како гинис, од нај посетувана установа Зоолошката градина, зоолошка која беше атракција во регионот која привлекуваше голем број туристи за само три години Арсовска и нејзините кадри направија зоолошката градина да изгледа на една хорор приказна“, кажа Стефан Кирков на денешната седница на Град Скопје и додаде:
„Наместо иновации таму умираат животни,повеќе од 40 егзотични животни за 2,5 години смртност, имаме инциденти, труење на животни, имаме животни затруени од салмонела од неисправна храна имаме незгоди, зоолошката стана небезбедно место и замислете се бара програма каде што се бараат нови вработувања. За кого еве ќе се обратам до Градоначалничката за кого се бара нови вработувања кога ние имаме повеќе од половина празни кафези? Во програмата пишува се бара ЗОО негуватели, за кого? Зоолошката градина според мене треба да добие нов менаџмент, и наместо овој директор и овој менаџмент да размисли дека треба да ја напушти оваа позиција и да отстапи место на некој кој навистина ќе знае и умее да донесе инвестиции во зоолошката да го врати сјајот тие бараат нови вработувања. Сметаме дека тука се работи за тешки манипулации и злоупотреба само за да се добијат вработувања. Сметам дека не треба да се дозволи вработувања, ова што се случува во моментот не му доликува на Скопје и најстарата зоолошка градина. Директоре и Градоначалничке време е да превземете нешто или да си заминете“, истакна Кирков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“
Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред Влада на РСМ на булеварот „Илинден“, десно по булеварот „ВМРО“, во продолжение по улицата „Васил Главинов“, лево по улицата „Димитрие Чуповски“, во продолжение по улицата „11-ти Октомври“ до пред Собрание на РСМ и лево по улицата „Филип 2-ри Македонски“ до пред Министерство за животна средина во Скопје.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на град Скопје.
„Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат од МВР.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

