Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на света литургија по повод еден век од осветувањето на црквата „Света Петка”
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на светата литургија по повод еден век од осветувањето на црквата Света Петка во Црниче, со која чиноначалствуваше Архиепископот Oхридски и Mакедонски г.г. Стефан и македонското свештенство. Црквата неодамна беше реновирана. Партерно е уредена, а освежена и е и фасадата.
-Еден век од осветувањето на црквата Света Петка во Црниче – нека е за многу години! Ми беше огромна чест да бидам дел од овој голем ден за сите православни верници, а уште поголема е честа да бидам дел од оваа приказна. Бог благослови да стогодишнината од постоењето ја дочекаме реконструиран храм Света Петка, партерно уреден и со освежена фасада.
Секогаш, колку што се моите можности ќе помагам и ќе се залагам за нашите македонски храмови, бидејќи токму во нив е мирот и сплотеноста на нашиот народ. Во преполниот храм, заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствувавме на светата литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Oхридски и Mакедонски г.г. Стефан и македонското свештенство.Овој храм, кој се наоѓа во подножјето на планинита Водно,во населбата Црниче во Скопје, во 1904 е поставен камен темелник за изградба, посветен на преподобна Параскева-Петка. За 20 години бил изграден прекрасен Божји дом. Постои камен плоча на која може да се прочита дека храмот бил довршен и осветен на 3 септември 1923 година. Живописот и иконописот му биле доверени на последниот и најдобар зограф на тоа време Димитар Андонов Папрадишки. Во 1924 година, комплетно го завршил зографирањето и иконографијата на храмот. Црквата е молитвен дом на многу православни христијани кои преку верата во Бога и молитвите на Света Петка добиваат исцеление на многу душевни и телесни болести. Денес, 100 години подоцна, сведочиме на еден прекрасен јубилеј. Нека е за многу години и нека таму, во Божјите храмови се шири љубов и сплотува нашиот народ-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.
Македонија
Сообраќајниот хаос во центарот ќе се намали за најмалку 30 отсто
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска официјално го означи почетокот на градежните активности на булеварот Македонија, проект за кој, како што рече, со години се зборувало, но без конкретна реализација.
Ѓорѓиевски истакна дека стартува првата фаза, која треба значително да придонесе за растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, со проекција за намалување на сообраќајниот метеж за најмалку 30 проценти. Првата фаза, според најавите, ќе се реализира во рок од 90 дена.
Тој најави дека веќе наредната недела ќе започне тендерската постапка за втората фаза, која ќе опфати изградба на два нови кружни текови и влез во подземна сообраќајница. Целта, како што рече, е да не се губи време и втората фаза да започне веднаш по завршувањето на првата.
Во рамки на првата фаза се предвидува проширување на дел од постојните сообраќајници, уредување на просторот, изградба на нова атмосферска канализација и поставување на 60 нови шахти, со што ќе се решава и проблемот со атмосферските води во овој дел од градот. Проектот вклучува и проширување на улицата „Пролет“, нов приклучок и крак кон булеварот „Борис Трајковски“, како и проширување и нов крак кон улицата „11 Октомври“.
Ѓорѓиевски изрази уверување дека по истекот на 90 дена ќе биде пресечена лентата за завршување на првата фаза и нагласи дека до крајот на неговиот мандат ќе вложи максимални напори, заедно со својот тим, целата сообраќајница со должина од околу два километри целосно да биде завршена. Проектот, според него, претставува еден од најзначајните за главниот град и дел од ветувањата дадени пред граѓаните.
На крајот, градоначалникот со симболична забелешка посочи дека речиси секој значаен проект што го започнуваат заедно со претседателот на Владата е проследен со дожд, што, како што рече, го доживува како добар знак и бериќет за брза и успешна реализација на градежните активности.
Македонија
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за дрогата која била набавена во Македонија
Опозициската СДСМ денеска со остро соопштение реагираше по заплената на околу пет тони дрога во Србија, наведувајќи дека наркотиците пристигнале преку Македонија и дека станува збор за, како што велат, „картелски скандал од огромни размери“.
Од СДСМ посочуваат дека меѓу уапсените лица има и косопственик на македонска фирма, што, според нив, отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите и можната вмешаност на државни структури.
„Како е можно пет тони дрога да поминат преку македонската граница, а Владата да молчи? Без поддршка или затворање очи од структури во власта и институциите, ваков шверц е невозможен“, наведуваат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ возвратија:
СДСM прашуваат како поминала дрогата? Одговорите на овие прашања нека ги постават кај познатиот сопственик на фабрика за марихуана Зоран Заев, независно дали се наоѓа во Струмица или на трошење на пари во сигурниот Дубаи. Директен линк со него има Венко Филипче.

