Свет
ИФО: Германските компании, генерално, нема да ги зголемат цените на нивните производи и услуги
Германските компании, генерално, не планираат да ги зголемат цените на своите производи и услуги, е заклучокот од извештајот што денеска го објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен.
Според извештајот, индексот што ја мери подготвеноста на германските компании да ги зголемат цените падна од 16,1 поени во август на 13,8 поени во септември.
Врз основа на резултатите, шефот на одделот за прогнозирање на Институтот за економски истражувања, Тимо Волмершеуцер, заклучува дека стапката на инфлација во Германија ќе остане под два отсто во наредните месеци.
Според него, економската криза во Германија ги ограничува можностите на локалните компании да ги зголемат цените, пренесува „Танјуг“.
Германските граѓани треба да очекуваат повеќе зголемувања на цените во производниот сектор, а сè помалку компании во малопродажбата, градежната индустрија и меѓу давателите на услуги се подготвени да ги зголемат цените, се вели во извештајот.
Годишната стапка на инфлација во Германија падна во август од 2,3 отсто во јули на 1,9 отсто и моментно е најниска од март 2021 година, објави неодамна германската Федерална статистичка служба („Дестатис“).
Прелиминарните податоци за септемвриската инфлација во Германија ќе бидат објавени денеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавени имињата на сопружниците кои загинаа враќајќи се од Германија, братот на починатиот е во кома
Во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово на автопатот Белград- Ниш, во близина на клучката Умчари, две лица го загубија животот, додека друг патник е итно однесен во болница со тешки повреди.
Познато е дека во возилото на несреќата биле двајцата браќа Назим и Шкелзен Авдиу, како и сопругата на Шкелзен.
Свет
Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Украина
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.
– Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.
Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.
– Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан.
Свет
Нема да има блокада на граничните премини со Грција за време на празниците
Грчките земјоделци најавија прекин на блокадите на граничните премини со Македонија за време на божиќните и новогодишните празници, овозможувајќи им непречено патување за граѓаните.
Блокадата на земјоделците е проблем за многу македонски државјани кои изминативе недели им беше отежнато патувањето кон или од Грција.
Грчките медиуми известуваат дека за време на празничната сезона нема да има блокади, со цел граѓаните да можат непречено да патуваат.
Земјоделците одлучија да ги прекинат блокадите и да ги отворат граничните премини и патиштата во два периода: од вторник, 23 декември, до недела, 28 декември 2025 година и од вторник, 30 декември, до недела, 4 јануари 2026 година.
Во меѓувреме, премиерот на Грција посочи дека многу од барањата на земјоделците од неговата држава се исполнети.„Од листата со 27 побарувања на земјоделците, 16 се веќе задоволени или се третираат позитивно. Четири се во процес на разгледување или дискусија со цел да се пронајде решение, додека само седум не можат да бидат решени. Причините за тоа се или спротивност со основните европски правила и функционирањето на заедничката земјоделска политика, или финансиска неизводливост“, објави на Фејсбук премиерот Кирјакос Мицотакис.
Земјоделците, кои ги започнаа своите протести на 30 ноември со околу 60 блокади низ цела Грција, не се откажуваат од своите барања.

