Македонија
Се соочивме со деструктивна опозиција, имаа осум години за балансерот, Законот за јазиците, а сега ја злоупотребуваат судската власт : Меџити за првите сто дена Влада

Демократско правило е првите сто дена да ѝ се дадат на новата власт да ги постави луѓето и да почне да практикува власт, но ние се соочивме со деструктивна опозиција, која секојдневно критикува, истакна првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
„Отворија некои работи од минатото што не ги затвориле, како што е Законот за јазиците, балансерот, Бадентер, имаа доволно време, осум години да ги решат, но не ги решија, и сега ја злоупотребуваат и судската власт за дневна политика.
За жал, како што рече, ги инструментализираат за дестабилизација и за сеење магла за да се спасат од одговорност.
„Ова не е оправдување, за жал, ги инструментализираа за дестабилизација и за сеење магла за да се спасат од одговорност. Ова не е оправдување, ние и покрај ова, секојденвно бевме посветени на нашите ветувања и нашата програма. Како што ветивме, има силна борба против казино-бизнисот. Во овие сто дена Влада имаше одлука на Владата за 35 милиони евра за универзитетскиот кампус ‘Мајка Тереза’, со што покажуваме дека сме посветени на подобро и поквалитетно образование, така ќе продолжиме на сите нивоа на образование. Од сите 80 општини веќе има апликации за проекти за конкретни решенија за проблеми со кои се соочуваат граѓаните, ќе се доделат 100 милиони евра оваа година, а 900 милиони во наредните 3-4 години. Со ова покажавме дека сме посветени на децентрализацијата, која е најблиска власт на граѓаните и столб на Рамковниот договор“, истакна Меџити.
Според него, евроинтеграцискиот процес беше е и ќе остане еден од клучните приоритети на Владата.
Тоа, како што појасни, е единствената алтернатива за сите граѓани.
Најави и дека граничните премини Табановце, Блаце, Ќафасан, ќе имаат one stop shop, со што значително ќе се олесни протокот на луѓе и стоки и ќе се намалат доглите чекања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Следната недела почнува исплатата на пензиите покачени за 1.000 денари, напролет ќе се зголемат за уште 1.000

Септемвриската пензија пензионерите ќе ја добијат со покачен износ за 1.000 денари. Исплатата ќе почне следната недела.
„Од 1 октомври е првичната корекција на пензиите, она линеарно зголемување, а потоа ќе има и напролет, со што ќе се заокружи оној инвестициски циклус и зголемување на пензиите за пензионерите линеарно со вкупен износ за пензионер од 7.000 денари. Тоа практично ги надминува оние 5.000 денари што ги зборувавме за време на кампањата“, рече премиерот Христијан Мицкоски.
Ова е трето покачување на пензиите во последната година. Во септември лани тие беа зголемени за 2.500 денари, а за ист износ пензиите се зголемија и во март годинава.
Македонија
Мицкоски од кардиохирургија: Вложуваме во здравствениот сектор

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за него претставува голема чест и задоволство што може да биде заедно со медицинскиот персонал, професорите, академиците и сите оние кои, како што рече, имаат огромна заслуга за постигнувањата што денеска беа презентирани на Универзитетската клиника за кардиологија и кардиохирургија.
„Тоа што денеска го видовме е нешто што можеме ние да го видиме овде во Скопје, во Клиничкиот центар, во зградата на Кардиологија и Кардиохирургија, но тоа не можат да го видат клиниките во Белград, во Загреб или во Љубљана на пример. Треба да сме среќни и треба да поздравуваме ваков тип на проекти, затоа што пациентите тоа што можат да го добијат во Македонија не можат да го добијат да речеме пациентите во Белград, Загреб и Љубљана.
Она кое што исто така ни го демонстрираа луѓето е фактот дека сега додека се вршат кардиолошките процедури можат истовремено да се вршат и кардиохируршките процедури.
Зашто го кажувам ова? Не го кажувам наивно, го кажувам затоа што како Влада планираме процесот на интегрирање на клинички центар да го започнеме со интегрирање на кардиологија и кардиохирургија во национален васкуларен центар“.
Тој процес како што кажа Мицкоски е веќе започнат и е во фаза на подготовка, но веднаш по изборите најави поробусно и поинтензивно продолжување на истиот.
Најави дека како Влада ќе ги подржуваат сите такви напори на клиниките, на болниците во Македонија, а поддршката ја добиваат и од министерот и од директорот на фондот.
„Очекувам со вакви убави вести да се јавиме и од проектите кои што се во тек, да ја информираме македонската јавност, а веднаш после завршувањето на изборите ќе имаме малку поробусна акција и поголем фокус на здравството кој што ќе биде прв приоритет“.
Македонија
Депонијата во Струга е една од најопасните, ако не се преземат мерки, ќе биде црна точка по бројот на заболени од канцер, велат од „Вреди“

Според „Вреди“, дивата депонија во Струга, отворена во 2006 година како „привремено решение“, денес е претворена во една од најопасните депонии во Македонија.
Појаснуваат дека истата се наоѓа на само 500 метри од првите куќи на градот, исто толку оддалечена од реката Црн Дрим и помалку од 2 километри од Охридското Езеро – подрачје прогласено за светско наследство на УНЕСКО.
Секоја година, додаваат од оваа партија, таму се фрлаат повеќе од 40 илјади тони отпад, без стандарди и без контрола на видот на отпадот.
„Нивното горење ослободува чад, токсични гасови и тешки метали кои ја загадуваат почвата, воздухот и водите. Ова загадување не е невидливо – тоа секојдневно го чувствуваат граѓаните кои често не можат ни прозор да отворат навечер.
Според Институтот за јавно здравје, само во 2020 година во Струга се регистрирани 140 нови случаи на канцер – 83 жени и 57 мажи. Една година порано, на ниво на општина се евидентирани 701 нови малигни случаи. Овие бројки говорат за алармантна состојба.
Доколку депонијата продолжи да функционира на истиот начин, во наредните 5 години се очекува прогресивно зголемување на хроничните и малигните заболувања. Меѓународните студии покажуваат дека заедниците кои живеат во близина на вакви депонии имаат:
• 20–30% повеќе случаи на рак на бели дробови и дојка;
• значително зголемување на респираторните заболувања кај децата;
• раст на неплодност, спонтани абортуси и проблеми во развојот кај новороденчињата;
• и зголемена вкупна смртност за 10–15%“.
Ако не се преземат мерки, Струга, истакнуваат од „Вреди“ ризикува во следните пет години да регистрира стотици нови случаи на канцер секоја година и да се претвори во црна здравствена точка во регионот.
Оваа состојба, како што оценуваат, повеќе не е само локален или естетски проблем. Таа, според „Вреди“ претставува сериозна закана за животот, за јавното здравје, за туризмот и за самото светско наследство кое со гордост го штитиме.
„Овој отров не е само последица на негрижа – тој е последица на погрешни и намерни политички одлуки. Депонијата е поставена и продолжува да постои под локалната власт на Општина Струга и со поддршка на власта на ДУИ, со градоначалникот Рамиз Мерко. Повеќе од 18 години овој проблем се покрива со молк, жртвувајќи го здравјето на граѓаните за тесни политички и финансиски интереси.
Ние итно бараме:
• затворање и санација на депонијата,
• создавање на стандарден систем за управување со отпад,
• и заштита на граѓаните на Струга од овој секојдневен отров.
Во спротивно, молкот на институциите денес значи болест, а утре смрт“.