Црна хроника
Претрес во Струмичко, пронајдена дрога
Вчера во 09 часот во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 51-годишниот Б.Б. од село Василево, струмичко, извести МВР.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сакале да нападнат судија: двајца жители на Врапчиште осомничени за попречување на правдата
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело попречување на правдата предвидено во член 368-а став 5 од Кривичниот законик.
На 30 септември, во семејната куќа во која живееле двајцата роднини, тие како соизвршители спречиле судија на Основниот суд Гостивар да преземе дејства предвидени во постапка пред надлежен суд. Судијата вршел увид и презел службени дејства за прибирање докази за предмет во вонпранична постапка кога двајцата осомничени употребиле сила за да го спречат и почнале да го туркаат. Судијата се повлекол во автомобилот заедно со шоферот и дактилографот по што осомничените во два наврата се обиделе насилно да ја отворат вратата од возилото за да го нападнат.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени поради можноста да се дадат во бегство, да влијаат врз постапката или да го повторат делото.
Црна хроника
Тинејџер со возило удрил пешак, па избегал од местото на несреќата
На 30.09.2024 во 20.38 часот во СВР Куманово било пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(18) од село Никуштак, општина Липково, удрило во Е.Р.(21) од Куманово, по што го напуштило местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Е.Р. констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово и се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Повредени малолетничка и тинејџер, со автомобил излетале од патот
Денеска во 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај надвозникот кај с.Проевце, кумановско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(18) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.