Македонија
Јаневска на почетокот на новата академска година: На државата ѝ е потребна поддршка од сите фактори, особено од младите
„Од денес имаме нова генерација студенти. Им посакувам добредојде во академскиот свет. Внимателност и активно учество во предавањата, ќе им помогнат за полесно совладување на материјата. Љубопитноста ги проширува видиците и овозможува надминување на резултатите од учењето, кои се наведени во студиските програми. Креативноста, иновативноста и желбата за натпревар, пак, создаваат лидери на позитивни промени, лидери на бизниси и на општествени процеси и токму такви нам ни се потребни“, рече министерката за образование и наука на првиот академски час во новата академска 2024 – 2025 година на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
Посочи дека на државата ѝ е потребна поддршка од сите фактори, особено од младите, за, како што рече, да го забрзаме напредокот.
„Без млади, не само што нема добра, туку, нема никаква иднина. И затоа ми е драго за сите вас, што сте одлучиле да студирате и искрено очекувам да го реализирате својот потенцијал токму тука. Тој потенцијал ќе го надградувате заедно со професорите. Ним сте им препуштени, верувајте им и слушајте го секој еден совет кој го даваат“, додаде Јаневска, потенцирајќи дека УГД е реномиран универзитет каде работите не се препуштени да течат сами по себе, туку се носат храбри одлуки, се иновира и се инвестира во условите и во човечкиот капитал.
Министерството за образование и наука и Владата ќе го наградат вложениот труд на сите чинители на високообразовниот процес. Јаневска информираше дека за професорите следува значително повисока плата од следната календарска година. За студентите продолжува поддршката преку повеќе категории на стипендии, но и зголемен износ на субвенционираниот студентски оброк од јануари 2025 година, достапност на литература и на мрежи и програми за интернационална размена на знаења и искуства. Студентските домови етапно се реновираат и очекувањата се дека за 4 години отсега сите ќе станат современи и енергетски ефикасни.
„Нема да ветам нов студентски дом тука во Штип, но ќе споделам дека со раководството на Универзитетот и со локалната самоуправа дискутираме за изнаоѓање решение за да има доволно и пристојни сместувачки капацитети“, информира Јаневска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

