Спорт
Елмас: Јувентус е тежок противник, јас сепак сум оптимист
Лајпциг, утре во второто коло во Лигата на шампионите ќе го пречека Јувентус. Германскиот тим во првото коло доживеа пораз во Мадрид од Атлетико додека Јувемтус стартуваше со победа над ПСВ Ајндховен.
Во пресрет на натпреварот, за клупската интернет страница, дуелот го најави македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.
„Секогаш е тешко да се игра против италијански тимови, особено против Јувентус, тоа е еден од најголемите клубови во Италија. Одиграв многу натпревари против нив и знам колку опасни можат да бидат. Се бранат добро, тоа го покажува сегашната статистика. Но, исто така се многу флексибилни и опасни во нападот. Генерално се добри. Јас сум оптимист, очекувам возбудлив натпревар“, изјави Елмас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Спарта освои бод во Штутгарт, Брест го нокаутира Салцбург
Два натпревари, во Салцбург и Штутгарт го отворија второто коло во Лигата на шампионите. Штутгарт против Спарта Прага одигра 1:1, а Брест го декласира домаќинот Салцбург со 4:0.
Штутгарт не успеа да ја ја запише првата победа сезонава во ЛШ. Спарта излезе со јасна цел на теренот и успеа да ја оствари. Чената на Себастијан Хенес изврши силен притисок кон голот на Спарта во последните 30 минути, но нез резултат.
„Швабите“ поведоа во раната фаза на натпреварот, во седмата минути Мијо постигна гол. Изедначи Финецот Каиринен во 32,минута. Во финишот на првиот дел Спарта можеше да направи целосен пресврт, но гредата беше сојузник на Нибел, по ударот на Бирманчевиќ.
Ниту најголемите оптимисти не очекуваа дека Брест ќе стартува со две победи во деби настапот во Лигата на шампионите. Во редовите на францускиот тим сега можат да размислуваат и за пласман во плејофот (пласман од 9. до 24 место).
На гостувањето во Салцбург првиот гол за „пиратите“ го постигна Сима во 24.минута. Салцбург се обидуваше, напаѓаше но без конкретна завршница. Потоа следуваше блиц-криг на гостите кои од 66. до 75.минута постигнаа три гола.
Сима втор пат на натпреварот погоди во 66.минута, Камара зголеми на 0:3 шест минути подоцна, а во 75.минута Лаж ги постави конечните 0:4.
Спорт
Страшна вест од Шпанија: Ле Норман има потрес на мозокот!
Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Робин Ле Норман заработи повреда на мозокот од удар што го доби на натпреварот против Реал Мадрид, соопштија од клубот.
„Робин Ле Норман доживеа тежок удар во главата во последните минути од дербито во Мадрид, беа извршени низа тестови и проценки од страна на специјалисти и тие утврдија дека има трауматска повреда на мозокот“, се вели во соопштението на Атлетико Мадрид.
Во соопштението за медиумите се наведува дека опоравувањето на шпанскиот дефанзивец и неговото враќање во тимот ќе се изврши според насоките од предвидениот протокол за ваков тип на повреда.
Ле Норман (27) летово дојде во Атлетико Мадрид од Реал Сосиедад, откако со репрезентацијата на Шпанија го освои Европското првенство во Германија.
Тој ги одигра сите натпревари за Шпанија на овогодинешното Европско првенство, почнувајќи од пет натпревари.
Спорт
Лампард на прашањето за Меси и Роналдо: Меси е најголем поединечно, но…
Легендата на Англија и на Челзи и поранешен играч на Манчестер Сити, Френк Лампард, по последниот тренерски ангажман во Челзи, извесно време е без работа. Сепак, легендарната осумка се уште ужива култен статус во јавноста, па на неговите изјави им се посветува големо внимание.
Лампард сега понуди одговор на вечното прашање за споредба на Лео Меси и Кристијано Роналдо: „Играв против двајцата, повеќе со Кристијано кога беше во Манчестер Јунајтед, а со Меси играв многу пати на големите натпревари помеѓу Челзи и Барселона. Меси е поединечно по талентот веројатно најголемиот досега, според мене. Но, со Кристијано, она што го направи во однос на неговата работа, тренинзи и бројки, перформанси, голови и посветеност – дури и до ден-денес – значи дека тие се едноставно на врвот заедно. Морам да ги почитувам и двајцата на ист начин. Мислам дека не е фер да се обидуваме да го ставиме едниот над другиот. Мислам дека тие беа најдобри играчи и за мене е чест што можам да играм против нив, да бидам на теренот со играчи од тоа ниво“.
Лампард е без работа од крајот на предминатата сезона, кога беше привремен менаџер на Челзи. Откако го водеше Дерби Каунти во плеј-офот за Чемпионшип (втора дивизија на Англија) во својата прва менаџерска работа, Лампард влезе во Лигата на шампионите и стигна до финалето на ФА Купот како редовен менаџер на Челзи. Потоа го водеше Евертон до опстанок во Премиер лигата пред да биде отпуштен, завршувајќи ја сезоната како привремен менаџер на Челзи.