Црна хроника
Приведени криминалци барани со потерници
Денеска околу 12.50 часот на улицата Даме Груев во Скопје, полицијата го приведе Ќ.М. (34) од Скопје, кој бил баран со потерница па затворска казна во траење од шест години за сторено кривично дело по чл.418-в ст.1 и чл.418-б ст.4 во врска со ст.2 и чл.45 од КЗ.
Исто така, денеска (01.10.2024) околу 12 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода М.А. (56) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело по чл.396 ст.1 во врска со чл.12 ст.2 од КЗ.
Лицата ќе бидат предадени на надлежните казнено-поправни установи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во скопска фирма затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле
Денеска, по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Отсекот за странци при Регионалниот центар за гранични работи Север во соработка со трудов инспекторат извршена е контрола во правно лице во Скопје.
При контролата биле затекнати седум турски државјани, кои незаконски работеле во државата.
Лицата биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и во текот на денот до Основниот суд Скопје1, против нив ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка за сторен прекршок по Закон за странци, спротивно на член 23, а казниво по член 217 став 1 точка 2.
Црна хроника
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Ј.(39) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 23.07.2024 затворски полицаец при влез во Казнено поправниот дом Штип, извршил преглед над пријавениот- осудено лице, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Црна хроника
Скопјанец со возило удрил во 19-годишно момче: се скарале за паркинг место
Синоќа во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.В.(59) од Скопје.
Тој се сомничи дека, по претходна расправија околу паркинг место, со своето патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки го удрил М.А.(19) од Скопје и му нанел повреда.
Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.