Европа
Експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген
Данската полиција истражува две експлозии во близина на израелската амбасада во Копенхаген, објави утринава Ројтерс.
„Никој не е повреден, ние спроведуваме првична истрага на местото на настанот“, објави полицијата во Копенхаген на Икс.
„Се истражува можна поврзаност со израелската амбасада во областа“, додаде полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Најголемата егзекуција на војната: Русите убија 16 Украинци, кои се предадоа, јавуваат украинските медиуми
Руски сили егзекутираа 16 украински воени заробеници во близина на Покровск во областа Донецк. Ова е најголемиот случај на егзекуција на украински воени затвореници, јавуваат украинските медиуми повикувајќи се на Канцеларијата на главниот обвинител.
The Russian military executed 16 (!!!) surrendered Ukrainian soldiers at sight.
This is the worst incident of POW execution known so far in this war.
It happened near Pokrovsk.
Look at what the Russians did – they lined the surrendered Ukrainians up, shot them all down, and… pic.twitter.com/U3ub7PKx3x
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) October 1, 2024
Вчера, на каналите на „Телеграм“ се појави видео од егзекуцијата на 16 украински војници. Се претпоставува дека тоа се случило во атарот на селата Миколаивка и Сукји Јар кај градот Покровско за што со месеци се водат жестоки битки.
Европа
(Видео) Вуледар падна, Русите веат знамиња во центарот на градот
Руските сили имаат целосна контрола над градот Вуледар во областа Донецк во источна Украина, објави утринава каналот SHOT на комуникациската платформа „Телеграм“ и проруските воени блогери.
„Ројтерс“ не може независно да ги потврди извештаите. Руското Министерство за одбрана сè уште не го потврди заземањето на градот.
Confirmed. Russia has fully occupied Vuhledar. Russian units from the 36th Separate Guards Motor Rifle Brigade raised their flag over the Vuhledar City Council. Ukrainian forces have withdrawn to Bohoyavlenka, north of Vuhledar. pic.twitter.com/q2OZueh9Gc
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) October 1, 2024
Регионален украински функционер синоќа изјави дека руските сили стигнале до центарот на градот, стратешко упориште, кое повеќе од две години се спротивставувало на руските напади. Снимките од руските сили како го веат своето знаме на покривот на административната зграда во центарот на градот во вторникот покажаа дека зградата е делумно претворена во урнатини со скршени прозорци.
Европа
Папата Франциско побара прошка за сексуалната злоупотреба и понижувањето на жените
Папата Франциско ја водеше молитвата за време на која бараше прошка за пропустите на Католичката црква вклучувајќи го и третманот на свештенството кон жените и жртвите на сексуална злоупотреба додека католичките водачи се подготвуваат за едномесечниот Синод во Ватикан.
На церемонијата во базиликата „Свети Петар“ жртва на сексуално вознемирување го даде своето сведочење и им кажа на стотици бискупи дека скандалите со злоупотреба „ја разнишаа верата на милиони и го нарушија угледот на институцијата на која многумина се угледуваат за водство“.
Во неделата Франциско се врати од патување во Белгија, каде што се соочи со најжестоките критики упатени за време на едно од неговите странски патувања.
Белгискиот крал и премиер повикаа на поконкретна акција за справување со скандалите со злоупотреба, а двајца лидери на католички универзитети го отфрлија ставот на папата за улогата на жената во црквата и општеството.
Како дел од мисата во вторник, седум кардинали, највисоките личности по папата во Црквата, која има повеќе од 1,4 милијарда верници на глобално ниво, побараа прошка за разите пропусти на Црквата.
Франциско на присутните им рече дека барањето за прошка го напишал сам „затоа што беше неопходно да ги извикуваме нашите гревови со име и презиме“.
Пензионираниот бостонски надбискуп, кардиналот Шон О’Мали, водачот на ватиканската комисија за сексуална злоупотреба на свештенството, побара прошка.
Франциско рече дека мисата е наменета „да почне зараснувањето на раните, кои никогаш нема да престанат да крвават“.
„Бараме прошка, чувствувајќи се засрамено, од оние што се повредени од нашите гревови“, рече папата.
Ватиканскиот Синод почнува в среда. Ќе собере кардинали, бискупи и други од повеќе од 110 земји во светот. Членовите на Синодот кон крајот на октомври ќе гласаат за конечниот текст, кој може да донесе промени во доктрината.
Минатогодишниот Синод разговараше за прашања што ја делат црквата, како што е благословот на истополовите парови.
Но, за повеќето од најконтроверзните прашања ќе одлучуваат работни групи, кои ќе го достават својот конечен извештај до папата Франциско (87) следниот јуни.