Спорт
(Видео) Динамо испушти два гола предност, Реалпадна во Лил, Атлетико потопен во Лисабон, Јуве со играч помалку победи во Лајпциг

Поразите на Реал Мадрид и Баерн, дебаклот на Алетико во Лисабон против Бенфика и пресвртот на Јувентус соиграч помалку во Лајпциг ја обележаа вечерашната програма во Лигата на шампионите.
Вечерва на теренот беа двајца поранешните македонски репрезентативци, Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар против Монако, а Аријан Адеми беше заменет во 63.минута.
Динамо на „Максимир“ испушти предност од два гола против Монако. Водеше со головите на Сучиќ и Батурина, но Монако во последните 15 минути успеа да дојде до еден бод со головите на Салису и Закарија во 90.минута.
Мадридското дерби во неделата очигледно остави трага врз фудбалерите на Реал и Атлетико, кои ги запишаа првите порази во новата сезона.
Тренерот на Лил, Бруно Сантини, пред мечот изјави дека неговиот тим сигурно ќе загуби од „најдобриот тим во светот“, но на теренот Лил пружи одлична паритија и на крајот победи. Францускиот ти победи со голот на Дејвид постигнат во надополнувањето на времето во првото полувреме.
За разлика од Реал, Атлетико одигра ужесен меч во Лисабон. Бенфика слевеше со 4:0 со головите на Актуркоглу, ди Марија од пенал, Бах и Кокчу од пенал.
Астон Вила во реприза на финалето од 1981 година го победи Баерн со 1:0. Мечот го реши златната резерва на Унаи Емери, Дуран во 79.минута.
Јувентус во Лајпциг успеа да победи со играч помалку. Шешко му донесе предност на Лајпциг по половина час игра, а изедначи Влаховиќ во5.минута. Девет минути подоцна голманот на Јувентус Ди Грегорио доби црвен картон, а во 65.минута Шешко од пенал на Лајпциг му донесе нова предност. Три минути подоцна Влаховиќ постигна неверојатен гол, а во 82.минута Франсиско Консеисао со брилијантен потег го исфрли Раум од игра и го совлада Гулачи.
Резултати:
Жирона – Феенорд 2:3 (1:2)
/Лопез 19, Ван де Бек 73 – Херера 23аг, Миламбо 33, Крејчи 79аг/
Шахтјор – Аталанта 0:3 (0:2)
/Џимшити 21, Лукман 44, Беланова 48/
Астон Вила – Баерн Минхен 1:0 (0:0)
/Дуран 79/
Бенфика – Атлетико Мадрид 4:0 (1:0)
/Актуркоглу 13, Ди Марија 52пен, Ба 75, Кокчу 84пен/
Динамо Загреб – Монако 2:1 (1:0)
/Сучиќ 45+3, Батурина 66 – Салису 74, Закарија 90/
Лил – Реал Мадрид 1:0 (1:0)
/Дејвид 45+3/
Ливерпул – Болоња 2:0 (1:0)
/МекАлистер 11, Салах 75/
Лајпциг – Јувентус 2:3 (1:0)
/Шешко 30, 65пен – Влаховиќ 50, 68, Консеисао 82/
Штурм – Клуб Бриж 0:1 (0:1)
/Колис 24/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Невладини организации побараа Аргентина и Меси да го бојкотираат мечот со Ангола

Неколку невладини организации апелираа до фудбалската репрезентација на Аргентина и до Лионел Меси да се откажат од пријателскиот натпревар во Ангола откако 30 лица загинаа во протестите во Луанда минатиот месец. Пртестите се одржаа против зголемувањето на цените на горивата.
Анголската фудбалска асоцијација неодамна објави дека Аргентина треба да биде гостува во Луанда во ноември во чест на 50-годишнината од независноста на таа јужноафриканска земја. Сепак, Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) сè уште не потврди дека натпреварот ќе се одржи.
Во отворено писмо упатено до АФА, националниот тим и добротворната организација Фондација Лионел Меси, четири граѓански организации ги обвинија властите на Ангола за „систематска репресија“.
Организациите, исто така, повикаа на откажување на натпреварот откако 30 лица загинаа минатиот месец во протестите против зголемувањето на цените на горивата.
„Инвестирањето милиони долари во спортски настан додека илјадници луѓе страдаат од глад, додека болниците се уриваат, а репресијата се зголемува не е легитимен приоритет, тоа е навреда на човечкото достоинство“, осудуваат овие организации, повикувајќи го Меси да направи „храбар, етички и хуманитарен чин“, барајќи откажување на овој натпревар.
Ангола е еден од водечките производители на нафта во Африка, но околу една третина од населението од речиси 38 милиони живее во сиромаштија, според податоците на Светската банка.
Спорт
Куруц ќе го пропушти Евробаскетот

Кошаркарска репрезентација на Латвија ќе биде ослабена на претстојното Европско првенство.
Балтичката селекција нема да може да смета на еден од најстандарните играчи во тимот на Лука Банки, Родионс Куруц.
Дека Куруц нема да игра на првенствотобеше јасно кога не беше во составот за „Акрополис Купот“ против Грција.
„За жал, Родионс Куруц нема да ги продолжи подготовките за Европското првенство, бидејќи службените лица на неговиот тим закажаа операција за целосно санирање на повредата на петицата“, се вели во летонското соопштение.
Куруц играше во Мурсија во последните две години, а од следната сезона ќе се врати во Евролигата каде што ќе игра за Басконија.
Латвија ќе игра на Евробаскетот во групата А со Естонија, Чешка, Португалија, Србија и Турција.
Спорт
Aжаксио замина во стечај

Фудбалскиот клуб Ажаксио поднесе барање за стечај до градскиот трговски суд, објави „Парисиен“. Резултатот од оваа постапка ќе биде отпуштање на 180 вработени и затворање на тренинг центарот на клубот.
На 13 август, Француската фудбалска федерација (ФФФ објави дека Ажаксио ќе биде исклучен од Лига 2 за новата сезона 2025/26 поради финансиски проблеми.
Минатата сезона, популарните „Мечки“ од Корзика го зазедоа 12-то место на табелата во Лига 2.
Ажаксио професионален клуб во 1965 година, а неговите бои ги бранеа некои познати француски фудбалери (Мариус Трезор, Доминик Баратели, Клод Ле Роја, Себастијан Скилачи, Стефан Порато, Јохан Кавали…), Франсоа М’Пел од Конго, Романецот Адриан Муцу, мексиканскиот голман Гилермо Очоа, Бразилецот Марселињо Кариока…
Ажаксио беше шампион на втората француска Лига 2 двапати, во 1967 и 2002 година. Во еден период, тренери на овој клуб беа познатиот холандски репрезентативец Руд Крол и познатиот италијански голгетер Фабрицио Раванели.
Пред Ажаксио, банкротираше Бордо а француските медиуми пишуваат дека неколку други клубови се во тешка финансиска состојба.