Македонија
Со вонреден инспекциски надзор ќе се утврдува дали има пропусти во лекувањето на починатото бебе

Во Клиничкиот центар ,,Мајка Тереза” во Скопје утрово починало 14-месечно бебе. Директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Кирил Лазов вели дека ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи каде починатото бебе било претходно лекувано, со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), согласно надлежностите, ќе изврши вонреден инспекциски надзор во здравствените установи, каде починатотото бебе било претходно лекувано.
Како што веќе објавивме, рано утринава на Клиниката за детски болести во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, почина 14-месечно девојче.
Околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар „Мајка Тереза“, (В.С.) 29-годишен маж од село Гошинце и неговиот брат, оштетиле инвентар во болницата откако починало детето на В.С., информира МВР.
Бебето било донесено со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот, а причините за смртта дополнително ќе се утврдуваат.
„Денеска (05.10.2024) во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.50 часот на Детската клиника во Клинички центар ‘Мајка Тереза’ В.С. (29) од с. Гошинце и неговиот брат Б.С. (35) од с. Гошинце оштетиле инвентар во болницата откако починала едногодишната ќерка на В.С., која, според пријавеното, била донесена со Итна медицинска помош во болницата околу 03.45 часот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот“, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.