Спорт
(Видео) Јуанјтед ја продолжи лошата низа, Челси избегна пораз од „шумарите“

Попладневната сесија во Премиер лигата донесе два нерешени резултати. Челси и Нотингем Форест ремисираа 1:1, а без голови заврѓи натпреварот Астон Вила-Манчестер јунајтед.
По првото полувреме немаше голови на „Стенфорд Бриџ“, по само пет минути игра во второто полувреме гостите поведиа со голот на Крис Ву.
Водството на „шумарите“ траеше само седум минути, кога израмни Мадуеке по додавањето од Палмер.
На крајот, избраниците на Нуно Еспирито Сантос беа задоволни од освоениот бод бидејќи играа со играч помалку откако Џејмс-Вард Проуз беше исклучен во 78. минута.
Ремито ја прекина серијата на Челзи од три последователни победи.
Манчестер јунајтед ја продолжи слабата серија во првенството и воопшто од почетокот на сезоната. „Црвените ѓаволи“ одиграа 0:0 во Бирмингем кај Астон Вила.
По седум одиграни натпревари, избраниците на Ерик тен Хаг имаат само осум бодови и остануваат на 14. место. На последните пет натпревари, во сите натпреварувања, Манчестер јунајтед има четири нерешени и еден пораз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нотингем Форест веќе го пронајде наследникот на Постекоглу

Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест веќе бара замена за менаџерот Анге Постекоглу. Главен кандидат е Шон Дајш, јавуваат британските медиуми.
Дајш е поранешен играч од академијата на клубот и живее во градот. Има големо искуство со тимови во Премиер лигата. Последно го водеше Евертон, но беше отпуштен по завршувањето на минатата сезона и сега е слободен за нов предизвик.
Постекоглу беше назначен на 9 септември, но сè уште нема победа во седум последовни натпревари. Трпението на сопственикот Евангелос Маринакис е при крај.
Двата натпревари по репрезентативната пауза ќе бидат клучни. Нотингем Форест ќе игра против Челси во Премиер лигата и против Порто во Лига Европа на „Сити Граунд“.
Спорт
Валентин Вашеро е сензационален победник на Мастерсот во Шангај

Валентин Вашеро оствари сензационален триумф на Мастерсот во Шангај. Тој во финалето го победи својот братучед и поранешен колеџ соиграч Артур Риндеркнеш со 4-6, 6-3, 6-3 и го освои првиот АТП турнир на ова ниво.
Тенисерот кој е рангиран на 204-та позиција на АТП листата, стана најниско рангиран шампион во историјата на АТП турнејата од 1990 година.
Риндеркнеш го освои првиот сет со 6-4 во гемови, но потоа Вашеро заигра многу подобро. Го доби вториот сет со 6-3, а идентично заврши и решавашкиот трет сет впо финалето.
Спорт
Оставката на Пикси е прифатена, Зоран Мирковиќ ќе ги предводи Србите против Андора

Фудбалскиот сојуз на Србија ја прифати оставката на селекторот Драган Стојковиќ по поразот од Албанија во Лесковац. Пикси нема да патува со тимот во Андора.
Тимот ќе го предводи Зоран Мирковиќ, селекторот на младата репрезентација. Тој веќе се приклучи на тимот во Ниш заедно со стручниот штаб.
„По поразот на репрезентацијата од Албанија во Лесковац, селекторот Драган Стојковиќ понуди оставка од својата функција и нема да патува со екипата на квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Андора. В.Д. предводник на српската репрезентација во следниот квалификациски натпревар за Светското првенство ќе биде стратегот на нашата млада селекција, Зоран Мирковиќ, кој веќе се приклучи на репрезентацијата во Ниш во недела наутро, заедно со членовите на стручниот штаб Страхиња Пандуровиќ, Лазар Томиќ, Александар Кировски, Дејан Одавиќ и Богдан Милиќевиќ“, се вели во соопштението на ФСС.
Извршниот одбор на ФСС ќе се состане во петок, 19 октомври. Тогаш ќе се одлучи кој ќе го наследи Стојковиќ. Засега главен кандидат е Вељко Пауновиќ, иако постои можност и Зоран Мирковиќ да продолжи како селектор на сениорскиот тим на Србија.