Забава
Мајката на Диди: „Мојот син не е чудовиште како што го прават, тоа ми го крши срцето“
Мајката на Диди јавно го бранеше својот син, кој се соочува со низа обвинувања за сексуална злоупотреба и трговија со луѓе. Џенис Комбс, мајка на Шон Диди Комбс, даде изјава во неделата преку адвокатката Натли Г. Фигерс.
„Мојот син не е чудовиштето како што го прават и тој заслужува можност да ја каже својата страна од приказната. Срцето ми се кине кога гледам како ма мојот син му се суди не поради вистината, туку поради приказната што е создадена на лагите“, рекла Џенис, пренесува „Холивуд рипортер“.
„Да бидам сведок на она што се чини дека е јавен линч на мојот син, пред тој да има шанса да ја докаже својата невиност, е болка без зборови. Како и секое човечко суштество, мојот син го заслужува својот ден на суд, конечно да ја претстави својата страна и да ја докаже невиноста“, додаде таа.
Продолжи признавајќи дека тој можеби направил грешки во минатото, мислејќи на спогодбата со својата поранешна девојка Каси Вентура по шокантните снимки од хотелот од 2016 година, на кои се гледа како тој физички ја напаѓа. „Можеби син ми не беше целосно искрен за некои работи, како што е негирањето дека некогаш бил насилен кон поранешна девојка, кога снимките од хотелскиот надзор покажуваат поинаку“, рече таа.
„Понекогаш вистината и лагите стануваат толку испреплетени што станува страшно да се признае дел од приказната, особено кога таа вистина излегува надвор од нормата или е премногу сложена за верување“, рече Џенис.
Да потсетиме, раперот е во истражен затвор во Њујорк и е обвинет дека сексуално малтретирал жени и ги терал да учествуваат во секс-забави и да користат дрога користејќи закани и насилство. По неговото апсење, се дозна дека 120 лица планираат да поднесат тужба против него, од кои 25 биле малолетни во моментот на инцидентите што ги предизвикуваат тужбите. Едно лице имало 9 години кога се случила наводната злоупотреба.
За 24 часа излегле дури 12 илјади наводни жртви и сведоци, а Диди ги негира сите обвинувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

