Забава
Хороскопски знаци што не дозволуваат другите да им го нарушат нивниот внатрешен мир

Сите ние се соочуваме со предизвици кои можат да го нарушат нашиот внатрешен мир – без разлика дали се тоа мали нешта или големи проблеми. Но, некои луѓе едноставно не дозволуваат надворешни фактори да ги уништат. Нивната смиреност и отпорност на иритација ги прави шампиони во зачувувањето на сопствената хармонија. Знаат да постават граници и да останат смирени, без разлика на околностите. Според астрологијата, таквите луѓе се родени во овие хороскопски знаци.
Јарец
Кога станува збор за Јарецот, првото нешто што ви паѓа на ум е силата, издржливоста и непробојниот оклоп. Овие мајстори на самодисциплина не дозволуваат никој да им ја наруши менталната рамнотежа. Замислете Јарец да стои на врвот на планина, стабилен и непоколеблив, целосно невознемирен од ветровите што дуваат околу него. Јарците сакаат да го планираат секој чекор и не поднесуваат хаос, без разлика дали доаѓа од неорганизирани луѓе или премногу импулсивни ситуации.
Нивниот внатрешен мир доаѓа од фокусот – кога имаат цел пред себе, ништо не може да им го одвлече вниманието. Затоа туѓата драма често изгледа како мало камче на нивниот пат – доволно мало за да се игнорира, доволно безначајно за да не го спречи нивното искачување.
Јарците се како снежни бури – тивки, ладни, но неверојатно моќни кога ќе одлучат да ја подигнат границата на своите емоции. Кога некој се обидува да влезе во нивниот свет без покана, Јарецот едноставно поставува ѕид. Тивко, но ефективно.
Водолија
Од друга страна, Водолијата е знак кој знае да игра на сосема друга карта. Тој е воздушен знак, слободен и неостварлив како ветрот. Водолиите се познати по својата ексцентричност, но зад оваа надворешна слобода се крие вистински уметник за зачувување на внатрешниот мир. Тајната на Водолиите лежи во нивната способност да ги оддалечат емоциите и да ги гледаат ситуациите од поширока перспектива. Додека другите реагираат на малите нешта, Водолијата гледа сè како дел од големата слика – туѓата драма едноставно не се вклопува во нивниот универзум.
Водолиите сакаат иновации и промени, но нивниот внатрешен свет е како нивната сопствена галаксија – посветена на истражување, учење и личен развој. Кога ќе почувствуваат дека некој може да го наруши тој мир, тие едноставно го притискаат копчето „mute“ и продолжуваат понатаму, игнорирајќи ја бучавата. Нивниот ум е секогаш чекор понапред, па ни највредните луѓе не можат да им ја расипат мирната атмосфера.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бегаат од сериозни врски: три хороскопски знаци на мажи што тешко се врзуваат

Некои мажи едноставно не се гледаат себе си во долгорочни врски. Според астролозите, оние родени во овие три хороскопски знаци најчесто ја избегнуваат обврската и тешко се одлучуваат за стабилна љубовна врска.
Близнаци
Темпераментни, полни со живот и секогаш во потрага по нова стимулација – мажите Близнаци брзо се заморуваат од рутина. Обврзувањето за нив звучи губење на слобода, па често оставаат впечаток дека се присутни, но секогаш подготвени да исчезнат.
Стрелец
Стрелците се авантуристи кои не поднесуваат ограничувања. Долга врска за нив најчесто значи „губење на крила“. Дури и кога се заљубени, склони се да ги одложуваат обврските – едноставно затоа што слободата им е најважна.
Водолија
Мажите Водолии сакаат интелектуална поврзаност и оригиналност, но тешко се вклопуваат во класични љубовни модели. Кога ќе почувствуваат притисок или премногу очекувања, се повлекуваат. За нив, слободата и сопствениот стил на живот се пред сè.
Забава
Брзо ќе ве преболат: хороскопски знаци кои не патат по раскинување на љубовна врска

Раскинувањата за многумина се тежок и болен процес, но некои хороскопски знаци се познати по тоа што брзо се опоравуваат и се насочуваат кон нови искуства. Наместо да се задржуваат во минатото, тие продолжуваат напред – полни со енергија и подготвени за нови прилики. Според астрологијата, овие три знаци најбрзо закрепнуваат по прекин на врска:
Овен
Овните не губат време на тажење – нивната природна желба за движење и авантура ги тера напред. Кога раскинувањето ќе стане реалност, тие многу брзо наоѓаат нови активности и луѓе со кои го исполнуваат своето секојдневие. Наместо да останат заробени во минатото, тие се фокусирани на тоа што доаѓа.
Стрелец
Стрелците се познати по својот слободоумeн дух и желбата за истражување. За нив, раскинувањето не е крај, туку можност за нов почеток. Брзо наоѓаат смисла во нови искуства – преку патувања, дружења или учење нешто ново, па затоа тагата им трае пократко отколку кај повеќето други знаци.
Водолија
Водолиите често се однесуваат кон емоциите рационално и со доза дистанца. Кога ќе дојде до раскин, тие го доживуваат како природен тек на нештата, а не како трагедија. Нивната ориентираност кон иднината и иновативните идеи им помагаат брзо да се одвојат од минатото и да продолжат понатаму без преголемо жалење.
Забава
Жената која на лажниот Бред Пит му дала 800.000 евра ги покажа пораките што ѝ ги праќал

Француската дизајнерка на ентериери, Ан Деноушател (53), дојде на насловни страници низ целиот свет откако откри дека на измамници кои се претставувале како Бред Пит им дала повеќе од 800.000 евра. Во својата нова книга Je ne serai plus une proie („Нема повеќе да бидам плен“) открива детали за измамата, но и шокантен заклучок – ѝ е драго што сè се случило бидејќи тоа довело до нејзиниот развод од сопругот.
Почеток на онлајн романса
Деноушател раскажала дека била осамена и заробена во несреќен брак со „себичен и манипулативен милионер“ кога на Инстаграм добила порака од личност која се претставила како мајка на Бред Пит. Наскоро започнала разговор и со „лажниот глумец“ преку Телеграм, а таа, како што вели, станала „зависна“ од тие разговори и живеела во „целосна илузија“.
Кога измамникот почнал да бара пари, таа се чувствувала сакана, нешто што ѝ недостасувало во бракот.
„Мојот сопруг ме доведе во непријатна ситуација. Ми рече дека треба да бидам задоволна што сум негов трофеј. Повеќе немав никаква независност. Во еден момент, изгледаше полесно да му помогнам на ‘Бред’ отколку да си помогнам себеси“, изјавила за францускиот „Ле Монд“.
Љубовни пораки и понуда за брак
Со месеци разменувале интимни пораки. Тој наводно ѝ се доверувал за својата зависност од алкохол, за осаменоста и разводот од Анџелина Џоли, а таа му раскажувала за проблемите со сопругот. Деноушател вели дека се чувствувала како на „продолжен меден месец“ додека лажниот глумец ја опсипувал со романтични пораки, љубовни песни, па дури и понуда за брак.
„Моја кралице“, ѝ пишувал. „Ти си сè што имам. Те обожавам. Душо, толку многу те сакам.“ Поради интензивната врска што се развила, таа вели дека се одвоила од реалноста. „Се одвоив од својата вообичаена реалност за да живеам целосна фантазија. Се чувствував како да сум конечно своја.“
Како изгубила повеќе од 800.000 евра
Во текот на 14 месеци, од април 2023 до јуни 2024 година, му префрлила повеќе од 800.000 евра. На почетокот парите биле за наводни царински трошоци за подароци кои тој ѝ ги купил, а кои никогаш не стигнале. Подоцна плаќала огромни болнички трошоци, бидејќи ја убедил дека боледува од рак на бубрезите и дека му е потребна трансплантација.
Тој тврдеше дека неговата банкарска сметка е замрзната поради бракоразводна постапка. Испраќал и фотографии создадени со помош на вештачка интелигенција, на кои наводно се гледа како лежи во болнички кревет. Во еден момент „Бред“ паднал и во кома, поради што таа морала да плаќа и пенали на холивудско студио, бидејќи било одложено снимањето на неговиот нов филм.
Развод од сопругот
Измамената жена конечно престанала со уплатите откако добила барање за речиси 15.000 евра за приватен авион. Емоционално исцрпена и изолирана од семејството и пријателите, случајот го пријавила во полиција. Истрагата открила дека зад измамата стојат тројца мажи од Нигерија.
Откако нејзината приказна излегла во јавност, измамниците последен пат ѝ се јавиле. „Љубов, мојата сметка на Телеграм ја хакирале измамници. Сега ќе направам сè за да ја обезбедам нашата безбедност.“
„Искрено ми е жал ако моето невнимание ја предизвика оваа ситуација“, стоело во пораката.
Иако останала без пари и завршила на психијатриско лекување, Деноушател вели дека разводот од сопругот е „единствената позитивна работа“ што произлегла од оваа болна измама.
Прочитај и: Се претставил како Бред Пит и побарал пари за лекување: му уплатила 830.000 евра