Црна хроника
Во кафеана во Гази Баба полицаец пронашол две минофрлачки гранати

Вчера во 18.48 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на општина Гази Баба, полициски службеник пронашол две минофрлачки гранати калибар 120 мм.
Во врска со настанот бил извршен службен разговор со сопственичката која појаснила дека и биле дадени празни како сувенир од поранешниот сопственик на објектот. Гранатите биле подигнати за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж од Кумановско загина во сообраќајка меѓу товарно и патничко возило

Вчера околу 12.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај место викано ,,Ливади“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од О.П.(48) од Крива Паланка и патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(70) од с.Руѓинце, општина Старо Нагоричане.
Од здобиените повреди на местото починал возачот Б.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово, соопшти полицијата.
Црна хроника
Возач во Гостивар усмрти 18-годишен мотоциклист

Полицијата уапси гостиварец кој со автомобил предизвика несреќа и усмрти млад мотоциклист.
Според информациите од МВР, ноќеска во 01.40 часот било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул.„Илинденска“ во Гостивар, помеѓу патничко возило „бе-ем-ве“ со швајцарски национални ознаки, управувано од И.М.(38) од с.Балиндол, гостиварско и мотоцикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.Б.(18) од Гостивар.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Возачот И.М. бил лишен од слобода, а по наредба на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа на ОВР Гостивар и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кочани, пронајдени пиштол и марихуана, приведено едно лице

Полицијата во Кочани го приведе 36-годишниот К.И.. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „црвена Застава“ калибар 7,65 мм, марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.