Спорт
Мегваер ќе отсуствува неколку недели поради повреда
Дефанзивецот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, објави дека ќе отсуствува неколку недели поради повреда.
Мегваер на Инстаграм напиша дека ќе отсуствува неколку недели, но дека ќе се врати уште посилен.
Фудбалерот поради повредата беше заменет на полувремето против Астон Вила (0:0) во неделата.
Следните натпревари на Манчестер јунајтед се против Брентфорд и Вест Хем во Премиер лигата и гостувањето кај Фенербахче во Лига Европа, чиј тренер е Жозе Мурињо, поранешниот тренер на „црвените ѓаволи“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Балотели се враќа во Серија А
Марио Балотели (34) наскоро би можел повторно да игра во Серија А.
Како што пренесува Фабрицио Романо, Балотели е во контакт со Џенова и како слободен играч би можел веднаш да потпише за овој клуб.
На клупата е славниот Алберто Џилардино кој личено разговарал со Балотели и го повикал веднаш му се приклучи на тимот.
Балотели е без клуб од ова лето, кога му истече договорот со турскиот тим Адан.
Џенова моментално е 18. на табелата со пет бода и ја чека тешка борба за опстанок.
Да потсетиме, Балотели во кариерата настапуваше за неколку италијански клубови – Интер, Милан, Бреша и Монца.
Спорт
Саша Везенков е најдобар играч надвор од НБА
Бугарија го има најдобриот играч, надвор од Америка, така велат гласовите на генералните менаџери на НБА клубовите.
Листата на најдобрите ја предводи бугарскиот репрезентативец Саша Везенков, играч кој до неодамна беше дел од НБА. Поранешниот МВП на Евролигата, сепак, не се снајде во Сакраменто и покрај големите очекувања од франшизата од главниот град на Калифорнија. По само една сезона реши да се врати во Олимпијакос и во европската кошарка.
За Бугаринот гласале 30 отсто од анкетираните, а на второто место со 23 отсто од гласовите во оваа анкета е Никола Миротиќ, играч на Олимпија Милано.
Трет е центарот на Реал Мадрид, Валтер Еди Таварес (17 отсто), а четврти, интересно е Нолан Траоре (18), кој моментално настапува за Сент Квентин.
Спорт
Вимблдон ги укина линиските судии
За прв пат по 147 години, линиските се ослободени од должноста на култниот тениски турнир.
Вимблдон најави дека од следното лето вештачката интелигенција или програмата наречена „автоматска електронска контрола на линиите“ ќе го преземе управувањето со натпреварите.
Тоа значи дека околу 300 линиски судии останаа без работа. Нивната дневница изнесува околу 180 фунти.
„Окото на соколот“, технологија која им овозможуваше на играчите да ги проверуваат одлуките на линиските суди,, како и на главниот судија, беше воведена на Вимблдон во 2007 година. Во меѓувреме, можностите се проширија, технологијата напредуваше, па Вимблдон реши целосно да го исклучи човечкиот фактор.
Сепак, се покажа дека компјутерот прави помалку грешки.