Македонија
Мицкоски: Виновен беше затоа што е мој син, прости ми, Јоване, што сето ова мора да го живееш
Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ, вели премиерот на Македонија Христијан Мицкоски.
„Го обвинија Јован, му судеа и го осудија без притоа да покажат ниту еден доказ. Виновен беше само затоа што е мој син. Останува горчината за лагите на СДСМ и нивните мегафони, посебно што нападнаа тинејџер кој ќе живее, учи и се гради како личност во средина во која политичките лешинари не бираат средства и начин во политичката арена. И тогаш имате морален хазард, истите градат среќа врз туѓото инволвирање во политика, затоа што со реални факти и аргументи не можат. Но вистината победи. Во моето однесување никогаш не сум прекршил закон, тaка и ќе продолжам“, рече Мицкоски и додаде:
„ А ти синко…, те молам да ми простиш, не си ти виновен што мора сето ова да го живееш. Заедно ќе живееме за да победиме за Македонија и никогаш повторно ова да не му се случува на ниту еден тинејџер во иднина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стоилковиќ- Рокас: изразена поддршка кон реформските процеси во делот на заштитата на правата на етничките заедници
Потпретседателот на Владата и министер за односи меѓу заедниците,Иван Стоилковиќ денес оствари работна средба со новоименуваниот амбасадор на ЕУ во РС Македонија, Михалис Рокас.
На средбата стана збор за клучните прашања, приоритети, но и идните планови на Министерството за односи меѓу заедниците, како и соработката со ЕУ, со акцент на помалите етнички заедници во земјава.
„Како Министерство ни значи соработката со ЕУ од причина што помалите етнички заедници немаат друга адреса освен ЕУ, со оглед на тоа какво искуство имавме се надевам дека работите со ваша помош ќе ги исправиме“, рече на средбата Стоилковиќ и истакна дека е задоволен од тоа како се одвиваат работите во првите 100 дена.
Заклучокот на двајцата соговорници беше дека заштитата на етничките заедници е приоритет на Министерството за односи меѓу заедниците, како и дека постојат многу точки за кои може да се зборува, а, како што нагласи, амбасадорот на ЕУ Рокас нашата земја секогаш може да смета на помош и поддршка од Унијата.
Амбасадорот Михалис Рокас го изрази своето задоволство од, како што рече, храброста и решителноста на вицепремиерот и министер Стоилковиќ за изнесените податоци за затекнатата состојба во Министерството, и воедно ја изрази својата поддршка кон реформските процеси и приоритетите во делот на заштитата на правата на етничките заедници и нагласи дека не смее да има никакво оправдување и сето она што е злоупотребено треба да биде процесуирано.
Тема на разговор беа и економските прилики во земјата и фактот дека соработката меѓу балканските земји ќе придонесе за стабилноста во регионот, а придобивките ќе ги чувствуваат сите.
На крајот од средбата Стоилковиќ уште еднаш упати честитки до амбасадорот за назначувањето на новата функција и изрази уверување дека соработката, но и пријателските односи не само што ќе го задржат досегашното ниво, туку и ќе се продлабочат во наредниот период.
Македонија
СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО.
„СДС знаат колку ја ограбиле државата и народот и затоа ја напаѓаат Божиновска, мислејќи дека така никогаш нема да се дознае.
СДС лажеше дека владата ги субвенционира сметките за струја, за на крај да излезе дека 60 милиони евра од Владата кон ЕВН не се платени.
СДС свесно манипулира. Во нивно време од МЕПСО парите наместо за енергетската мрежа се трошеа за донации и спонзорства на фитнес клубови“, се истакнува во соопштениетот на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС, како што додаваат од партијата на власт, жали по времето кога камиони со струмички таблици „вртеа во РЕК Битола по 27 часа на де“н.
СДС знае, велат од ВМРО-ДПМНЕ, дека следува одговорност и затоа се во страв и сеат лаги за Божиновска, неспособноста заврши со нив.
Македонија
Вазалитетот на албанските партии во Владата ги поттикна судиите да го укинат Балансерот, според Алијанса за Албанците
Одлуката на Уставниот суд за укинување на Балансерот е само потврда за антиалбанската политика на нелегитимната Влада, велат од Алијанса за Албанците.
Според нив, со таквата одлука се докажува и покорноста и сервилноста на албанските партии во Владата кон ВМРО, ЗНАМ и Стоилковиќ кои уште од првите денови на Владата, како што велат, почнаа со реализација на проектот за деалбанизација на државата.
„Покорувањето на вазалите во оваа Влада ги надмина дури и очекувањата на нивните господари. Времената мерка воведена пред неколку недели беше само мерење на пулсот, дали ќе има реакција и последици од албанските партнери во Владата. Но, неодговорното однесување и често образложението на одлуката, од страна на претставниците на ВЛЕН, ги тешеше сите заинтересирани фактори за укинување на Балансерот“, истакнуваат од Алијанса за Албанците.