Свет
(Видео) Објавена е нова снимка од „окото“ на ураганот
Ловците на урагани на американската Национална агенција за океани и атмосфера денеска прелетаа низ окото на ураганот Милтон.
Inside the eye of Hurricane #Milton earlier today on @NOAA WP-3D Orion #NOAA43 "Miss Piggy." These missions collect data to help improve forecasts and support hurricane research.
Visit @NHC_Atlantic and https://t.co/3phpgKNx0q for the latest forecasts/advisories.
Visit… pic.twitter.com/bgecJN0UDA— NOAA Aircraft Operations Center (@NOAA_HurrHunter) October 9, 2024
Летот го направиле со авион по име Мис Пиги, а видеото е објавено на Икс.
Bumpy ride into Hurricane #Milton on @NOAA WP-3D Orion #NOAA43 "Miss Piggy" to collect data to help improve the forecast and support hurricane research.
Visit https://t.co/3phpgKNx0q for the latest forecasts and advisories
Visit https://t.co/UoRa967zK0 for information that you… pic.twitter.com/ezmXu2Zqta— NOAA Aircraft Operations Center (@NOAA_HurrHunter) October 8, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сијарто: Унгарија е под притисок поради енергетската соработка со Русија
Будимпешта е под притисок да ја прекине енергетската соработка со Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
„Секако дека има политички притисок врз Унгарија, тие сакаат да ја прекинеме енергетската соработка со Русија“, рече Сијарто на пленарната седница на меѓународниот форум за гас во Санкт Петербург.
Тој додаде дека одржувањето на енергетското партнерство со Москва е во интерес на Будимпешта.
Свет
(Видео) Ураганот на Флорида преврте мали авиони, објавена снимка
Снимките од Флорида сликовито го покажуваат ефектот на разорниот ураган Милтон врз делови од американската држава.
Venice, FL took a wallop from #HurricaneMilton as it rushed ashore on Wednesday evening.
Here’s a look at some of the sights and sounds our field correspondents caught on camera. pic.twitter.com/00El1bQTlA
— WeatherNation (@WeatherNation) October 10, 2024
На видеото се гледа мал авион, кој очигледно бил превртен од силен ветер. Излозите и улиците се преплавени со вода од зголеменото ниво на морето што ги придружува разорните урагани како Милтон.
Свет
Гутереш го назначи Том Флечер за нов шеф на хуманитарната помош на ОН
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го назначи поранешниот британски дипломат Том Флечер за нов шеф на ОН за хуманитарна помош.
Флечер, кој моментно е директор на колеџот „Хертфорд“ во Оксфорд и потпретседател на Советот на универзитетскиот колеџ во Оксфорд, го замени Мартин Грифитс, кој поднесе оставка од функцијата на крајот на јуни поради здравствени причини, пренесе АП.
Заменик-портпаролот на ОН, Фархан Хак, кој го објави назначувањето, рече дека вршителот на должноста шеф на хуманитарната помош, Џојс Мсуја, ќе остане на функцијата додека Флечер не ја преземе функцијата.