Свет
САД веруваат дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар, е жив и се крие во тунел во Газа
САД веруваат дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар, е жив и веројатно се крие во подземен тунел во Појасот Газа со заложници во близина, изјави денеска Бред Мекгурк, специјален советник на Белата куќа за Блискиот Исток и Северна Африка.
„Јахја Синвар останува тој што одлучува. Веруваме дека тој е жив и е во тунел во Газа, веројатно со заложници во близина“, рече Мекгурк за време на разговорот со американските рабини, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Ова се најдетаљните информации за статусот на Синвар од висок американски функционер за неколку недели, ако не и месеци, пишува израелскиот дневен весник.
Во текот на изминатите неколку дена медиумите објавија дека Синвар, откако беше недостапен повеќе од еден месец, повторно воспостави контакт со претставници на Хамас надвор од Појасот Газа.
Мекгурк рече дека американската влада верува оти војната во Појасот Газа може веднаш да заврши доколку Синвар се согласи да ги ослободи преостанатите израелски заложници што ги држи Хамас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел до цивилите во јужен Либан: Не враќајте се дома до понатамошно известување
Петмина здравствени работници загинаа во напад на Израел врз јужен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство, а Израел ги предупреди либанските цивили на југот да не се враќаат дома до понатамошно известување.
Привремениот либански премиер Наџиб Микати рече дека Соединетите Американски Држави и Франција водат разговори за прекин на огнот очигледно упатувајќи на дипломатските напори за посредување на примирјето што Израел го отфрли минатиот месец. Засега никој од Вашингтон или Париз не ги коментирал овие тврдења.
Блискиот Исток е во состојба на готовност стравувајќи од натамошна ескалација на конфликтот во регионот бидејќи се чека одговорот на Израел на минатонеделниот ирански ракетен напад, пренесуваат медиумите во регионот.
Либанското Министерство за здравство соопшти дека Израел во текот на ноќта удрил во центар за цивилна заштита во селото Дердгаја, на 10-ина километри од границата, при што загинале пет болничари и спасувачи.
Израелската армија сè уште не се огласила за тоа. Повеќе од 2.100 луѓе се убиени во израелските напади врз Либан во текот на изминатата година. Не се знае колку загинати цивили и колку борци.
Израел денеска ја потврди смртта на својот 12-ти војник во копнените операции во јужен Либан.
Израел им порача на жителите на јужен Либан во објава на социјалната мрежа Х дека им е „забрането да се вратат во своите домови, во селата и градовите до понатамошно известување за нивна безбедност“.
Свет
Сијарто: Унгарија е под притисок поради енергетската соработка со Русија
Будимпешта е под притисок да ја прекине енергетската соработка со Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
„Секако дека има политички притисок врз Унгарија, тие сакаат да ја прекинеме енергетската соработка со Русија“, рече Сијарто на пленарната седница на меѓународниот форум за гас во Санкт Петербург.
Тој додаде дека одржувањето на енергетското партнерство со Москва е во интерес на Будимпешта.
Свет
(Видео) Ураганот на Флорида преврте мали авиони, објавена снимка
Снимките од Флорида сликовито го покажуваат ефектот на разорниот ураган Милтон врз делови од американската држава.
Venice, FL took a wallop from #HurricaneMilton as it rushed ashore on Wednesday evening.
Here’s a look at some of the sights and sounds our field correspondents caught on camera. pic.twitter.com/00El1bQTlA
— WeatherNation (@WeatherNation) October 10, 2024
На видеото се гледа мал авион, кој очигледно бил превртен од силен ветер. Излозите и улиците се преплавени со вода од зголеменото ниво на морето што ги придружува разорните урагани како Милтон.