Македонија
Директорите на царинските управи на Македонија и Бугарија се сретнаа во Софија
Директорите на Царинските управи на на Република Северна Македонија Бобан Николовски и на Република Бугарија Георги Димов одржаа билатерална средба во Софија
Директорите разговараа за добрата меѓуинституционална соработка како и за развојот на граничните премини долж граничната линија. Беше истакнато дека за исполнување на нивната важна улога за заштита на граѓаните и бизнисите денес, царинските управи работат со современи методи на контрола и анализа на ризик базирани на интегрирани модели.
Договорено е и активирање на соработката во различни области од специфичната царинска дејност.
Договорено е во блиска иднина двете страни да одржат средба на највисоко ниво со поддршка на секторски работни групи. Билатералната средба беше во рамките на посетата на директорот Николовски на Софија по повод состанокот на високо ниво за зајакнување на регионалната соработка во борбата против трговијата со дрога по воздушен пат во Југоисточна Европа. Настанот е дел од 10-тиот состанок на Помпиду групата на Групата на Советот на Европа за соработка во борбата против трговијата со дрога на аеродромите во Југоисточна Европа (AIRSEE). Коорганизатор и домаќин на семинарот на високо ниво од бугарска страна беше Царинска агенција на Република Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

