Забава
„Драг Емануел, не грижи се, на Емили и’ e добро со нас“ – градоначалникот на Рим во клинч со Макрон поради популарната серија
Еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон посака главниот лик од серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ да се врати од Италија во француската престолнина, градоначалникот на Рим, Роберто Гуалтиери изјави дека нa Емили и’ е многу добро во Рим.
„Почитуван Емануел Макрон, не грижи се: Емили се чувствува многу добро во Рим“, рекол градоначалникот, Роберто Гуалтиери, пренесува денеска „Политико“.
Гуалтиери додаде дека срцето не може да се контролира и дека на Емили треба да и’ се дозволи да избира.
Во четвртата сезона од серијата, Американката Емили Купер, која ја игра актерката Лили Колинс, се сели од Париз во Рим поради работа.
Макрон вчера на шега изјави дека ќе се бори главниот лик од хит серијата на Нетфликс „Емили во Париз“ да се врати во француската престолнина по нејзиниот престој во Рим.
„Ќе се бориме напорно (за таа да се врати). И ќе бараме од нив да останат во Париз! „Емили во Париз“ нема смисла во Рим“, изјави Макрон за магазинот „Варајети“.
Според него, оваа серија му донела голем успех на Париз и на целата земја, а неговата сопруга Брижит е толку заљубена во серијата што дури и се појавила во една епизода, што го направило Макрон, како што вели, „многу горд“.
Во интервју за римското издание на магазинот „Холивуд репортер“, градоначалникот на Рим го предупреди францускиот претседател да не се меша во продукциските планови на Нетфликс.
Гуалтиери додаде дека разговарал за коментарите на Макрон и со градоначалничката на Париз, Ан Идалго, и дека и двајцата се насмеале.
„Гледаме дека Емили се сели во Рим, што е потврда дека нашиот град станува се поважен и целосно сме опуштени околу одлуките на продукцијата на Нетфликс. Тие знаат што прават“, рече Гуалтиери, додавајќи дека Макрон треба само да се опушти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
„Се чувствуваше искористено“: поранешната сопруга на Бен Афлек ја ограничи комуникацијата со Џеј Ло
Џенифер Лопез и Бен Афлек неодамна се разведоа по две години брак, а во тешките моменти актерот имаше голема поддршка од неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер. Пред самиот развод, Гарнер наводно ја презела улогата на некој вид „брачен советник“, помагајќи не само на Афлек туку и на Лопез да ги надминат своите проблеми.
Сепак, Гарнер одлучи да ја ограничи комуникацијата со Џенифер Лопез исклучиво на ситуации поврзани со нивните деца. Блиски извори тврдат дека за време на процесот на развод се чувствувала искористена и како да е „посредник“ во туѓ брак, што емоционално ја исцрпувало.
Затоа решила да се дистанцира од Лопез и да се фокусира на семејството, пишува Дејли Мејл.
„Џенифер повеќе не сака да комуницира со Џеј Ло, освен ако не се вклучени децата. Пријателите сметаат дека таа си дозволила премногу да се вклучи во обидот да го спаси нивниот брак, особено затоа што понекогаш се чувствувала како да се натпреварува со Џеј Ло. Гарнер искрено сакаше да помогне, но сега сака да ја ограничи таа улога“, открил извор за Дејли Мејл.
И покрај дистанцата, Гарнер не кажа ништо негативно за Лопез. Изворите велат дека ако Лопез сака да поминува време со децата на Афлек и Гарнер, со кои е блиска, мора да се справи со Гарнер.
Забава
(Видео) Синот на Илон Маск откри како се изговара неговото име (X Æ A-12), ги остави луѓето зачудени
Милијардерот Илон Маск, кој го привлече вниманието со поддршката на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, е татко на дури 12 деца, а едно од нив има необично име.
Маск и неговата тогашна девојка, пејачката Грајмс, го објавија името на нивниот син X Æ A-12 во 2020 година, изненадувајќи многумина. На почетокот на месецов Маск даде интервју со Такер Карлсон, а во еден момент неговиот син упадна во кадарот и седна во скутот на својот татко.
Маск се насмевна и рече дека четиригодишното момче е негова мини верзија и додаде дека неговиот син го комплетира. Кога Карлсон го праша како се вика, X Æ A-12 го кажа неговото име и ги остави луѓето во чудо.
Забава
(Видео) Познат актер седна на клавирот на железничка станица во Лондон и свиреше, изненадувајќи ги патниците
Американскиот актер Џеф Голдблум ги покажа своите музички способности свирејќи на клавир пред толпата минувачи на железничка станица во Лондон.
@universalpicturesuk The Wizard of Oz is also a whizz on the keys 🎶 #WickedMovie's Jeff Goldblum surprised passersby at St Pancras station! #StPancrasInternational #JeffGoldblum #London #NewRelease #MovieRecommendation ♬ original sound – universalpicturesuk
Најновиот настап на Голдблум беше дел од промоцијата на филмот Wicked, во кој ја толкува улогата на Волшебникот од Оз. По тој повод изведе песна од филмот и неколку божиќни композиции и ги воодушеви насобраните патници и посетители.