Македонија
„Владата на СДС и ДУИ потрошила 6 милиони евра за заштита на државата од сајбер напади, а нападнати беа повеќе државни институции“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„За да одиме напред мора да знаеме факти за минатото. За да одиме напред мора да знаеме што ни остави претходната влада на СДС и ДУИ. Владата на СДС и ДУИ ги трошела народните пари за свои потреби. Владата на СДС и ДУИ потрошила 377 милиони денари или околу 6 милиони евра за заштита на државните институции од сајбер напади во периодот од 2020 до крајот на 2023 година“, велат ВМРО-ДПМНЕ.
„Неправилностите и за ова ги констатираат и државните институции или Државниот завод за ревизија.
Државниот завод за ревизија констатирал дека владините тела склучиле 283 договори за информациска безбедност, а државата сепак не ги заштитила информациските системи на државата кои располагаат со чувствителни податоци.
Со сајбер напади се соочија повеќе државни институции меѓу кои, Министерствата за образование, Министерството за земјоделие, сајтовите на Влада, Државна изборна комисија, а некои хакерски подвизи воопшто не се регистрирани, бидејќи нема правна регулатива за задолжително пријавување“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Крушево, измерени -8 степени
Утрово најстудено било во Kрушево кадешто се измерени -8 степени, -7 било во Битола, Прилеп, Mаврови Анови и Крива Паланка, -6 Тетово, Пожаране и Берово, -5 Претор, Охрид и Попова Шапка, -4 Виница, -3 во Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци и Куманово, -2 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, -1 во Штип, 3 во Гевгелија.
Времето денеска
Утрото ведро и многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?
„Колаборантите од ЗНАМ го потврдија скандалот што го објави АКТ: тендер од 1,2 милиони евра добила фирма на нивни советник од општина Кисела Вода. Ама реакциите за скандалот се како оние на ВМРО: Фактите се тие, советникот кој зема 1,2 милиони евра е наш ама „се оградуваме од инволвираност“, велат од СДСМ.
„Томовски велеше „бројот е мој, таткото е мој, зетот и внукот се мои, сè е мое, ама немам никаква врска со фирмата“. Фатени живи овие од ЗНАМ уште малку ќе кажат дека не го знаеле нивниот Советник и носител на листа во Кисела Вода.
Нема бегање. Фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени.
Дали е ова прва рата од исплатата за предавството на Македонија?
За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?
Не проаѓаат измислени оправдувања, потребна е одговорност.
СДСМ ги повикува ДКСК, Јавното обвинителство и Финансиската полиција да отворат истрага за најновиот скандал што го откри АКТ.
Како тоа фирма што не исполнувала услови добила тендер од 1.2 милиони евра од Пошта? Како тоа се менува сопственик само 20 денови по добивање на милионскиот тендер“, прашува СДСМ преку соопштение.
Македонија
Делови од Илинден и од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од ул 27 Белимбегово (општина Илинден)
· во периодот од 09.00 до 15.00 часот корисниците од дел од улица 2 во село Кадино, кон Црквата СВ.Илија (општина Илинден)
· во периодот од 11.00 до 14.00 часот дел од корисниците на ул.Љубљанска (општина Карпош)

