Црна хроника
71-годишен гостиварец почина возејќи велосипед, го удрил возач со комбе
Во полициската станица Гостивар вчера во 16:55 часот било пријавено дека на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, товарно возило „ман“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.И.(35) од Гостивар, удрило во велосипед „конект“ управуван од С.И.(71) од Гостивар.
Од здобиените повреди на местото починал возачот на велосипедот С.И., а лекар од Итна медицинска помош констатирала смрт.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник нападнат на автобуска постојка на Бит Пазар
Синоќа на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, две лица физички нападнале малолетник од Скопје.
MВР информираше и за уште еден случај на напад на истото место, што се случил вчера.
„Р.Б.(54) од Скопје пријавил дека околу 19.15 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице“, стои во полицискиот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Топ
Почина маж од Демир Капија кој бил најден во бессознание во река
Пред два дена во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека дека околу 08.15 часот, на место викано „Смрдлива вода“, во реката било пронајдено машко лице во бессознание.
„Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за Н.С.(63) од Демир Капија“, соопшти МВР во дневниот билтен.
Лицето било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 17.30 часот лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Залутан куршум заврши на кровот на куќа во Скопје, МВР на терен
А.Б.(68) од Скопје вчера пријавил дека околу 15.00 часот во неговиот двор паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило кровот од неговата куќа.
Полициски службеници од Полициската станица Драчево го подигнале зрното за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.