Македонија
Петрушевски: ДУИ се согласија да се укине балансерот, а сега бараат причина за дестабилизиција

Додека ДУИ беа дел од власта се согласија да се укине балансерот, сега само бараат причина за дестабилизација, прочитани се, изјави на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„ДУИ како власт во 2023 година учествуваше во изготвување на Стратегија за реформи во администрацијата 2023 – 2030 во која се нотира дека балансерот има бројни злоупотреби и истиот треба да се укине. ДУИ прифатија укинување на балансерот од позиција на власт, и тогаш не повикуваа на протести, затоа што беа насочени на матни тендери и играње фудбал по канцеларии. Од позиција на опозиција, сега корумпираните функционери од ДУИ не може да местат тендери и тогаш почнуваат да злоупотребуваат етнички прашања со цел дестабилизација. ДУИ само бараат причини за дестабилизација затоа што се плашат дека нивните функционери кои 20 години ја крадеа државата ќе се соочат со одговорност. И додека функционерите на ДУИ 20 години ја ограбуваа државата, јавајќи на бранот на етнички теми, стотици илјади наши сограѓани ја напуштија државата, токму заради тие лоши политики. ДУИ се прочитана книга и никој повеќе не им верува. И Европската Комисија нотираше дека балансерот се злоупотребува и дека истиот треба да се укине. Тогаш ДУИ молчеше, за да краде“, додава Петрушевски.
Тој вели дека Македонија сега оди напред, кон економска трансформација, владеење на правото и држава во која младите ќе ја гледаат својата иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од Карпош и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од улицата Франце Прешерн, општина Карпош;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Симеон Кавраков, Петар Ацев и Анастас Митрев, општина Аеродром.
Македонија
Сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во северните делови засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура за 3 до 5 степени. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а попладне засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.
Времето во наредните денови
Од денеска до среда во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи. Потоа ќе преовладува претежно стабилно време, а дневните температури ќе бидат без промени.
Македонија
(Фото) Успешна евакуација на повредено лице со хеликоптер на Армијата

Вчера, во попладневните часови, по добиено барање од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Армијата на Република Северна Македонија, поради сериозноста на повредите и непристапниот терен, изврши итна медицинска евакуација со хеликоптер од вВИНГ, на лице кое паднало во провалија во близина на Ливадичко Езеро, Шар Планина.
Повреденото лице, при падот, се здобило со скршеници на раката, ногата и колкот, како и со обилно крварење, поради што било во критична состојба. На лице место интервенираше екипаж- тим на парамедици, кои и покрај непристапниот терен успешно го извлекоа и имобилизираа повредениот.
„Армијата во координација со ЦУК и здравствените установи изврши успешна медицинска евакуација и го предаде повреденото лице на екипа од итната медицинска помош, по што истото беше транспортирано на понатамошен болнички третман.
Армијата на Република Северна Македонија, заедно со останатите институции во државата продолжува да дејствува во интерес на граѓаните, обезбедувајќи навремена и професионална поддршка“, се наведува во соопштението на Генералштабот на Армијата