Спорт
(Видео) Македа како Луис Суарез, среде натпревар го гризна противникот
Ракометното дерби на Полска, мечот меѓу љубителите на ракометот меѓу Висла Полок и Киелце и етикетиран како „света војна“ повторно е во центарот на вниманието, не поради играта туку поради инцидентите што се случија. Поранешниот играч на Вардар, Хорхе Македа доби син картон што значи дека мора да паузир на еден натпревар, но веројатно ќе добие поголема казна.
Осмото коло од ракометната Суперлига на Полска им донесе задоволство на ракометните фанови, големо дерби во кое Висла го победи вечниот ривал со 29:25. За самиот ракомет најмалку се зборува после натпреварот.
Дури 21 исклучување имаше на овој натпревар, а беше покажан и син картон, најстрога казна во ракометот. Синиот картон го доби играчот на Кјелце, Шпанецот Хорхе Македа, кој го гризна ривалот Мирсад Терзиќ на теренот, во текот на натпреварот. Судиите беа блиску кога Македа го гризна Терзиќ, а синиот картон му беше покажан по видео проверка на ситуацијата.
Maqueda apparently just bit Terzic – and got the blue card after a video review.
🎥: Polsat#handball pic.twitter.com/ydSITScy4v— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) October 13, 2024
По мечот, кај записничката маса се скараа и двајцата тренери, легендарните Чаби Сабате и Талант Душебаев.
Тренерот на Висла, Чави Сабате подоцна на прес-конференцијата изјави дека бил пллукнат од неговиот колега од Кјелце. Додека Талант Душебаев, рече дека Сабате му рекол дека е „еб.н Кинез“.
Panie Tałancie dlaczego Pan tak się denerwuje zawsze jak przegrywacie mecz? Sędziowie źle gwizdali? o co chodzi?? pic.twitter.com/lwyVMP7FaC
— Hubert (@hubertklimektt) October 13, 2024
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тешки денови за Иско и Бетис
Фудбалерот на Бетис, Иско, ќе мора да направи уште една долга пауза.
Ова е негова трета сериозна повреда во последните две и пол години, во кои го носи дресот на зелено-белиот клуб од Севилја.
„Има рана за која беа потребни седум конци, предизвикана од силен удар што ја му скина кожата. По ударот, се развил значителен оток низ целата нога, кој се проширил до зглобот на глуждот и предизвикал мала интраартикуларна лезија во пределот на ‘рскавицата“, објасни доктор на Бетис.
Иско се повреди на натпреварот од Лигата на Европа против Утрехт, по судир со соиграчот Амрабат.
Да ве потсетиме дека поранешниот шпански репрезентативец доживеа фрактура на фибулата во својата прва сезона во Бетис, а се повреди во втората сезона за време на пријателскиот натпревар против неговиот поранешен тим, Малага. Станува збор за нова фрактура на фибулата.
Освен за Бетис и Малага, Иско (33) во својата богата кариера играл за Валенсија, Реал Мадрид и Севилја.
За девет години во Реал, освоил сè што може да се победи.
Тој го носеше шпанскиот дрес 38 пати и постигна 12 гола.
Foto/ depositphotos
Спорт
Вирален е изгледот на идеалниот тим во Лига 1 во изборот на „Лекип“
Парискиот „Лекип“, најпочитуваниот спортски медиум во светот, го објави својот идеален тим од француската Лига 1 за 2025 година. 10 од 11 фудбалери во идеалниот тим го носат дресот на ПСЖ.
Покрај голманот Џанлуиџи Донарума, кој е голман на Манчестер Сити од летото, но е во идеалниот тим на француското првенство бидејќи бранеше во првата половина од годината за ПСЖ и Мејсон Гринвуд фудбалер на Олимпик Марсеја, во идеалнио тим се играчите на ПСЖ: Ашраф Хакими, Маркињос, Вилијан Пачо, Нуно Мендеш, Витиња, Жоао Невес, Фабијан Руиз, Усман Дембеле и Десире Дуе.
Тренер на идеалниот тим е Луис Енрике.

Доминацијата на ПСЖ во идеалниот тим од Лига 1 во последната година е оправдана со фактот дека овој клуб освои сè во него: домашното првенство и купот, Лигата на шампионите, Европскиот Суперкуп и Интерконтиненталниот куп.
Противниците на фактот дека 10 од 11-те играчи се од ПСЖ наведуваат дека треба да се земат предвид само резултатите во француското првенство, а не и во другите натпреварувања.
Како резултат на тоа, тврдат тие, треба да се земе предвид дека ПСЖ го дочекува крајот на оваа година и половина од тековната сезона на второто место зад Ленс. Затоа, сметаат тие, идеалниот тим од Лига 1 за 2025 година треба да вклучува и играчи од други клубови.
Спорт
(Видео) Нкунку со првите голови во Серија А ја потопи Верона
Во првиот натпревар од неделната програма од 17-то коло на Серија А, Милан ја победи Верона со 3:0.
Милан повторно е на чело на Серија А. Барем за неколку часа, бидејќи во првиот натпревар од неделната програма освои три бода и барем накратко го прескокна градскиот ривал Интер.
Што и да наорави Интер во Бергамо на крајот на денот, ова ќе биде идеален крај на календарската година за „росонерите“. По исклучително разочарувачката минатата сезона, малкумина веруваа дека Милан ќе биде на врвот на Серија А само шест месеци подоцна.
Но, Масимилијано Алегри повторно покажа дека го познава ова натпреварување и дека е способен да создаде сериозни конкуренти од своите тимови за кратко време.
Играч на натпреварот беше Кристофер Нкунку, играч кој на претходните 11 натпревари не успеа да постигне гол.
Откако Кристијан Пулишиќ го постигна првиот гол, Нкунку со два гола во вториот дел стави точка на натпреварот.
Foto/ freerangestock

