Спорт
Бизарна сцена во Црна Гора – Губеа со 19:0, па сите колабираа
Неверојатна ситуација се случи на терените во Црна Гора каде се сретнаа екипите на Његош и Зета. Натпреварот беше прекинат во 70. минута при резултат 19:0.
Натпреварот не продолжи поради тоа што сите играчи на Његош паднаа на теренот, поради што судијата означи крај.
За Његош ова не е првпат да загуби со вака голем резултат бидејќи беа поразени од Забјел со 10:0, потоа од Олимпик со 6:2 и Црвена стијена со 15:0.
Поради прекинот на натпреварот, останува отворено прашање дали воопшто ќе биде регистриран со 19:0 или Зета ќе слави со службен резултат 3:0…
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тренерот на Штутгарт го откачил Манчестер јунајтед
Манчестер јунајтед му постави ултиматум на менаџерот Ерик Тен Хаг да победи во следните два натпревари за да го задржи на клупата, но во меѓувреме клубот бара нов тренер.
Додека медиумите најмногу ги заинтригира посетата на Томас Тухел на „Олд Трафорд“ и средбата со челниците, германски „Билд“ открива дека Себастијан Хенес, тренерот на Штутгарт одбил да преговара со англискиот клуб.
Хенес по одличната работа во Хофенхајм, во април минатата година пристигна во Штутгарт и му обезбеди пласман на клубот во Лигата на шампионите. И додека се подготвува за продолжението на сезоната во Бундеслигата, од кои првата е против Баерн, но и во Лигата на шампионите на УЕФА со Јувентус (22 октомври), Аталанта (6 ноември) и Црвена звезда на стадионот Рајко Митиќ. (27 ноември), Хенес категорично одби да преговара со еден од најславните клубови.
Во март оваа година, синот на поранешниот ас Дитер Хенес го продолжи договорот со Штутгарт до јуни 2027 година и не сака да се откаже од проектот што го започна во кој целта е да остане на врвот во Бундеслигата и да атакува на титулата.
Спорт
Клоп сака да го донесе Гулер во РБ Лајпциг
Јирген Клоп од 1.јануари 2025 година ќе ја преземе функцијата фудбалски директор во мрежата на клубови Ред Бул, од кои секако најважен е оној од Германија, РБ Лајпциг.
Клоп ќе има важна улога во трансферите на овој клуб, а наводно веќе ја избрал првата мета.
Како што пишува „Defensa Central“, Клоп ќе се обиде да го донесе Арда Гулер, кој има мала минутажа во Реал Мадрид.
„Тој е многу добар, ќе го донесеме и ќе игра за нас, за една година ќе го продадеме за 100 милиони евра или повеќе“, изјави Клоп.
Гулер не игра многу откако во летото 2023 година се пресели во Реал Мадрид.
Во досегашниот дел од сезоната Гулер на теренот мина само 291 минута, што е доволен показател колку Анчелоти не го користи многу.
Спорт
Реал без Кампацо против Басконија
Кошаркарот на Реал Мадрид, Факундо Кампазо е казнет по натпреварот од првото коло во Евролигата. Непосредно пред натпреварот со Партизан казната му беше укината, но сега повторно е во сила.
По натпреварот помеѓу Реал и Баерн во првото коло од Евролигата, Факундо Кампацо доби суспензија од еден натпревар. Во тој момент тоа значеше дека Реал нема да може да смета на Кампацо на мечот од второто коло против Партизан во Мадрид .
„Кралскиот клуб“ поднесе жалба, која беше прифатена од Дисциплинската комисија, па Кампацо не играше само против црно-белите туку беше и еден од најважните играчи во првата победа на Реал во Евролигата сезонава.
И сега, се случи пресврт.
Одлуката за укинување на суспензијата на Кампацо дојде пред Комисијата за жалби, која ја врати првичната одлука.
Ова значи дека Аргентинецот е казнет со еден натпревар суспензија и нема да игра во третото коло од Евролигата.
Тој ќе ја одлежи суспензијата во вторник на гостувањето кај Реал во Басконија.