Македонија
Мисајловски на свечената заклетва на 28. класа питомци: Вашиот избор покажува дека ја сакате татковината
„Ви честитам на изборот, вашата работна кариера да ја посветите на Армијата, но првенствено на граѓаните, и на државата. И вие и ние заедно со вас почнуваме ново поглавје во вашите животи“, истакна министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната свечена заклетва на 28. класа питомци во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, – Скопје, на која присуствуваа Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот Сашко Лафчиски, заменик министерката за одбрана Елфет Исмаили, деканот на Воената академија, полковник Митко Богдановски и останати гости од воено дипломатскиот кор, од Армијата и Министерството за одбрана и роднини на питомците.
Министерот Мисајловски рече дека питомците новото поглавје во својот живот го започнуваат во институцијата која има најголема доверба меѓу граѓаните. Тој додаде дека нивните први чекори се на Воената академија која е респектабилна високо образовна институција во широки рамки од која се излезени многу квалитетни офицери кои дале и даваат значаен придонес за афирмирање и развој на македонската Армија.
Мисајловски им посaка добредојде на питомците од Црна Гора, и Босна и на сите им порача: Во наредниве четири години заеднички и посветено да ги совладувате тајните на воената професија, да се усовршите, затоа што вие ќе специјализирате во област која е специфична и но карактеристична по стандардите, стручноста, дисциплината и најважно соработката. Заедно во следните 4 години ќе учите, ќе се обучувате и ќе придонесувате за развој на нашата соработката. Денес како питомци, а утре како офицери на Армии кои се грижат за безбедноста на своите сограѓани, пример за успех, пример за подготвеност, беспрекорно да ги совладувате предизвиците кои ни претстојат “, потенцира министерот Мисајловски.
„Вие питомците, сте иднината, вие питомците сте драгоцениот потенцијал на македонската армија. Ве очекуваат тешки, но и интересни студии на една солидна академија. Во изминатите, речиси три децении, Воената академија „Михаило Апостолски“, израсна во почитувана институција, призната во регионални рамки, но и пошироко. Должни сме и понатаму да работиме на нејзиниот развој и напредок“, порача Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова.
На денешната свеченост свое обраќање имаше и деканот на Воената Академија, полковник Митко Богдановски кој рече: „Вашата заклетва не само што ве обврзува, туку и ви го трасира патот кон живот исполнет со предизвици, но и со непроценливи можности. Воената професија не е лесна, но е благородна и исполнета со достоинство. Ова е пат кој треба да го изодите за да станете лидери, не само во Армијата, туку и лидери на НАТО алијансата“.
Оваа година на воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ како дел од 28. класа се запишани 33 питомци од кои 25 од Северна Македонија (19 мажи и 6 жени), 5 питомци од Босна и Херцеговина и 3 питомци од Црна Гора.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши на Националниот молитвен појадок во САД
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на Националниот молитвен појадок (National Prayer Breakfast) во Вашингтон.
Се работи за традиционален и значаен настан што ги обединува политичките, верските и општествените претставници, истакнувајќи ги вредностите на дијалогот, взаемното почитување и моралната одговорност во лидерството.
На оваа церемонија се обрати и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Од Собранието велат дека учеството на Гаши претставува можност за зајакнување на пријателските односи и за афирмирање на улогата на Република Северна Македонија како активен, присутен и почитуван партнер во меѓународната соработка.
Македонија
Се оддалечуваме од Европа поради политиките на власта, му рекол Филипче на известувачот Томас Вајц
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска одржал состанок со постојаниот известувач на Европскиот парламент за Северна Македонија, Томас Вајц. На состанокот, како што информираа од партијата, станало збор за актуелната политичка состојба и за евроинтеграцискиот процес на државата.
Филипче изразил благодарност за ангажманот на ивестувачот на ЕП, Вајц, во следењето на процесот, како и за поддршката на Европската Унија и Европскиот Парламент за европската перспектива на нашата држава.
„На средбата, Филипче посочи дека статусот во кој се наоѓа евроинтеграцискиот процес на Македонија е сериозно загрижувачки, реформската агенда е закочена, реформите не се спроведуваат, а власта не покажува волја за продолжување на европскиот пат. Тој додаде дека наместо напредок кон европскиот пат, државата поради политиките на власта се соочува со стагнација, блокирани реформи и политики кои ја оддалечуваат државата од европските стандарди“, велат од СДСМ.
Филипче нагласил и дека европската интеграција за Македонија значи процес што го зајакнува владеењето на правото, гради функционални институции и обезбедува подобар живот за граѓаните, а Македонија заслужува да се движи напред, а не да губи време и да остане изолирана.
Воедно, Филипче порачал дека СДСМ останува цврсто посветена на европските вредности и реформи, бидејќи иднината на Македонија во Европската Унија, тоа е клучот за подобра, праведна, просперитетна и напредна држава, за подобра иднина за сите граѓани.
Македонија
За возачка дозвола доволно е завршено основно образование, рече Јаневска по протестите
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за полагање возачки испит е потребно најмалку завршено основно образование, нагласувајќи дека државата обезбедува можности.
„Образованието е бесплатно и за оние што ја надминале возраста, така што до 29 години тие преку Центарот за образование добиваат едукација. Сме имале и проекти со наши странски партнери преку кои Ромите што биле заинтересирани да го дополнат своето образование добиле некаква едукација соодветна на барањата на пазарот на трудот, нивните лични потреби итн“ рече Јаневска одговарајќи на новинарско прашање. Додаде и дека Министерството финансира околу 40 ромски медијатори со цел зголемување на опфатот и редовното присуство на ромските деца во училиштата.
Изјавата доаѓа по протестите на граѓани кои побараа ослободување од обврската за полагање возачки испит бидејќи немаат неопходен степен на образование, а автомобилите им се неопходни.

